fbpx

Позната е цената на GR Yaris за европскиот пазар

Toyota веќе нуди можност за резервација на новиот спортист GR Yaris, а позната е и цената за европскиот пазар

Одбројувањето до пристигнувањето на новата Toyota GR Yaris во Европа продолжува со отворањето на можност за резервација на љубителите на спортските автомобили кои сакаат да бидат меѓу првите сопственици на овој спортски модел на Toyota настанат инспириран од WRC трките. Купувачите на Toyota преку официјалниот сајт добија можност да дојдат до новиот модел на Yaris, а во Германија неговата цена изнесува 33.200 евра, што е за нијанса поскапо од Renault Megane RS или основниот модел на BMW Серија 3.

Заинтересираните купувачи на европските пазари ќе можат да ја регистрираат својата нарачка online платформата, offline каналите или во контакт со локалните партнери на Toyota. Кога станува збор за Велика Британија, овој модел на Toyota може да се добие за околу 30.000 фунти, додека САД нема да има можност да го види овој автомобил. Инаку, оние кои ќе се пријават први при нарачката на Toyota GR Yaris ќе добијат приоритет при купувањето на автомобилот, при што првите испораки се очекуваат кон крајот на годината.

GR Yaris во продажба со само едно ниво на опременост

GR Yaris со својот изглед потсетува на некои рели модели, а се напојува со 1,6-литарски трицилиндричен мотор кој може да произведе 257 КС и 360 Nm највисок вртежен момент, додека силата ќе се пренесува со шестстепен мануелен менувач. Од нула до „стотка“ овој автомобил стигнува за помалку од 5,5 секунди, а максималната брзина изнесува 230 километри на час. Верзијата за јапонскиот пазар е нешто помоќна и ќе има 268 КС и 370 Nm најголем вртежен момент.

GR Yaris

Во зависност од локалната стратегија, GR Yaris ќе биде пуштен во продажба во само едно ниво на опременост со високи спецификации, но купувачите ќе можат да бираат меѓу два опциони пакети – Circuit и Convenience – со цел зависно од афинитетите, да можат да добијат потврдо подесен автомобил со акцент на брзото возење или варијантата која овозможува високи перформанси со нешто повеќе комфор.

Toyota потврди дека почетната цена за GR Yaris ќе биде 33.200 евра во Германија, кој е клучен пазар за спортските автомобили, додека на останатите европски пазари даночните стапки и другите фактори ќе имаат влијание на конечната цена.

Поврзани вести

Back to top button