fbpx

Правнукот на Крајслер го спречува спојувањето на PSA и FCA

Спојувањето меѓу FCA и PSA групациите се соочи со многу пречки, последната и најголема беше решена претходно овој месец, но на повидок е нов предизвик

Fiat Chrysler Automobiles и Groupe PSA успеаја да ги надминат сите проблеми со Европската комисија и Европската унија околу спојувањето и создавањето на групацијата Stellantis, но сега FCA и PSA се соочуваат со еден приговор во последната минута и тоа од правнукот на Валтер Крајслер.

Како дел од неговиот предлог за алтернативен откуп, Франк Роудс Џуниор предлага новиот ентитет да не го прифати веќе познатото и избраното име Stellantis. Наместо тоа, правнукот на Крајслер предлага производителот да стане познат под името „Chrysler-Dodge-Jeep-Ram Corporation“.

Згора на тоа, Роудс бара компанијата да ги има своите главни канцеларии во САД. Неговото барање исто така повикува и за тоа актуелното ракводство и вработените да добијат бонуси за задржување, заснован на нивните мандати. Освен тоа, предлогот вели дека „покрај цената за која треба да се преговара, како и исплатата на сите постојни долгови, актуелните акционери ќе добијат права за стекнување акции во субјектот кој е купувач, доколку истиот биде објавен во иднина“.

Во соопштението, Роудс истакна „овој алтернативен предлог е, според мене, супериорен во однос на планираното спојување и ќе резултира со враќање во САД на Chrysler-Dodge-Jeep-Ram брендовите и подалеку од предложеното кинеска и странска контрола како што е предложено во спојувањето“.

Крајслер

Иако овој предлог има мали шанси да биде сериозно прифатено, Роудс испрати и приговор за Stelantis до Комитетот за странски инвестиции во САД. Тој исто така ги соведува американските сенатори да се спротистават на спојувањето бидејќи „ќе ги отстрани идните профити и технологии од Америка“.

Овој обид тешко дека ќе има влијание кај акционерите кои се подготвени да го прифатат спојувањето на 4 јануари. По ова, договорот би требало да биде комплетиран до крајот на првиот квартал од 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button