Премиера на новата генерација на Kia Ceed
Вчера бевме дел од уште една прекрасна атмосфера каде новиот хеџбек на Kia беше официјално претставен и за македонската јавност
На синоќешниот настан кој се одржа во ресторанот Портофино, Киа Моторс официјално ни го презентираше најпродаваниот модел во својата гама. Тоа претставува третата генерација на моделот Ceed, кој за прв пат на пазарот се појави во 2006 година.
Новиот Ceed со целосно нов дизајн, го носи наследството од минатото, со што се карактеризира со префинетост, стил и квалитет.Кај овој популарен хеџбек подобрувањата се правени во секој можен поглед, па така тој е сега уште подобар, поудобен како и подобро опремен.
Овој модел е понизок и поширок од својот претходник, со што се добива и попространа внатрешност.
Надворешноста има значително поспортски линии, а изгледот е подинамичен од моделот кој го заменува. Внатрешниот дизајн е целосно променет, па така овој Ceed добил нов управувач со поспортски изглед, како и нов дисплеј кој го прати трендот на поставеност во горниот дел на управувачката табла.
Како што напоменавме, корејците го подобриле овој автомобил и во поглед на технологијата, па така на располагање ни се голем број на нови системи.
Од системи кои помагаат со управување на возилото се адаптивниот темпомат, системи за одржување на возилото во лента, систем за детектирање на т.н. мртов агол, систем кој асистира при паркирање и излегување од паркинг и др. Од останатите системи застапени се мултимедијалниот систем со три различни по големина на дисплеи, аудио JBL, а интересно е и тоа што возило ни нуди можност за управување на дел од неговите функциите преку нашиот паметен телефон.
Моторната гама на новиот Ceed вклучува два бензински мотори, и тоа 1,0 литарски турбо агрегат со 120 коњски сили и 1,4 литарски
атмосферски и турбо мотор со моќност од 100 и 140 коњски сили. Исто така ќе се нуди и 1,6-литарски турбодизел мотор, кој испорачува моќност од 136 коњски сили и притоа ги задоволува EURO 6d стандардите. Што се однесува до трансмисијата, прижени се две варијанти, односно 6-степен мануелен и 7-степен автоматски менувач со двојан спојка.
Киа Моторс ве поканува да го посетите нивниот салон во Скопје, каде ќе можете да се запознаете подобро со новиот Ceed и да добиете подетални информации.