fbpx

Премиерата на новиот Jeep Renegade

Легендарната марка Jeep објави дека за време на специјален настан на автомобилскиот салон во Торино, ќе одржи премиера за Европа на верзијата за 2019 година на моделот Renegade

Во моментов од Jeep не нудат премногу детали за Renegade 2019, туку напоменуваат дека следи обновен дизајн и нови погонски агрегати за најмалиот SUV во гамата на компанијата. Новите мотори ќе бидат со три и четири цилиндри (бензински) 1.0 со 120 коњски сили и 1.3-литарски во верзија со 150 и 180 КС. Од компанијата ветуваат дека тие ќе понудат уште поголема ефикасност и динамика на патот.

Единствената друга подробност што ја посочуваат од Jeep за новиот Renegade е поврзана со визијата на задниот светлосен блок на возилото. Но, според одредени информации кога е во прашање дизајнот, освежената верзија со карактеристичен X-мотив, донесува уште неколку промени. Најсериозната од нив е поврзана со целокупната елиминација на црна рамка на блокот и замена со многу тенка линија и само делумно покривање на надворешната контура на елементот.

Renegade

Од Jeep ветуваат дека ќе понудат дополнителни детали за својот нов Renegade во втората половина на месецов.

Поврзани вести

Back to top button