fbpx

Премиера на новиот Porsche Cayenne Coupe

Со технички карактеристики позајмени од актуелниот Cayenne, спакувани во издание со подинамичен и спортски карактер, новиот Porsche Cayenne Coupe добива задача да им пркоси на ривалите во својата конкурентна класа

Добредојде за новиот член во семејството Cayenne. Третата генерација на актуелната линија на Porsche е сега проширена со новиот Cayenne Coupe, кој од останатите се издвојува по својот подинамичен и поспортски стилски дизајн.

Главните нагласоци кај новото купе вклучуваат поостри линии од редовниот модел, дизајн на задниот дел кој производителот го опишува како уникатен, адаптивен заден спојлер и фиксен панорамски покрив, кој по избор може да биде изработен од стакло или јаглеродни влакна.

“Купето ги вклучува сите технички карактеристики на актуелниот Cayenne, но со уште подинамичен дизајн и нови технички детали, кои го карактеризираат новиот SUV како попрогресивно, атлетско и емотивно возило”, изјави Оливер Блуме, претседателот на Porsche.

Спортскиот SUV исто така добива и поплитко предно ветробранско стакло и А-пилар во споредба со редовната верзија, додека пак неговиот кров е понизок за речиси 20 милиметри. Во останатите карактеристики на дизајнот се вбројуваат редизајнираните задни врати и четврт панели, како и држачот за регистарски таблички интегриран во браникот.

Најизразена карактеристика претставува споменатиот адаптивен заден спојлер, кој при брзини поголеми од 90 километри на час се извлекува за дополнителни 13,5 сантиметри, зголемувајќи ја потисната сила на задната оска. Тој претставува јасен показател на поагресивниот спортски карактер на новото германско купе.

Porsche Cayenne Coupe

Премиерно кај Cayenne, покривот изработен од јаглеродни влакна претставува ексклузивна опција кај купе моделот и е достапен кај еден од трите спортски пакети. Како дел од овие пакети се и новите и лесни 22-инчни GT Design фелни, а што се однесува до ентериерот, седиштата кај овој SUV се изработени од познатата Pepita ткаенина на Porsche, а присутни се и карбонските и алкантара акцентите по внатрешноста. Во Cayenne Turbo Coupe, пакетот вклучува и спортски издувен систем.

Технолошки гледано, новиот германски SUV е „натоварен“ со најмодерните и најактуелните технолошки системи. Прв на листата е Porsche Active Suspension Management (PASM), односно системот за активно потпирање, кој кај овој модел е дел од стандардниот пакет. Исто така, стандардни се и Sport Chrono пакетот и 20-инчните фелни.

Porsche Cayenne Coupe

Она што го прави овој Cayenne купе, покрај дизајнот, е и ниското подвозје. Така, зборувајќи за задната клупа, патниците седат 30 милиметри пониско во однос на стандардниот SUV, со цел да се оптимириза просторот за главата. Товарниот простор е со капацитет од 622 литри, кој со преклопување на задните седишта се зголемува до 1.537 литри. Товарниот волумен кај Turbo изведбата, пак е малку помал со 600 литри и 1.509 литри со преклопени задни седишта.

За почеток, достапни ќе се две моторни опции задолжени за придвижување на новиот Cayenne. Првата е стандардната 3.0 литарската V6 единица која произведува 335 КС и вртежен момент од 450 Nm, а до 100-ка го залетува овој SUV за цели 6 секунди. Потоа, тука е водечкиот Cayenne Turbo Coupe, кој до 100 забрзува за само 3,9 секунди, благодарение на 4.0 литарскиот дво-турбински V8 мотор, кој „развива“ импресивни 541 КС и 768 Nm.

Новиот Porsche Cayenne Coupe на европскиот пазар ќе се појави во мај, со што ќе добие шанса да се покаже меѓу конкурентите во својата класа, каде се вбројуваат BMW X6, Audi Q8 и Mercedes-Benz GLE Coupe.

Поврзани вести

Back to top button