fbpx

Премиера за европскиот Kia Sportage

Kia ја претстави европската верзија на петтата генерација на својот кросовер Sportage во пресрет на Салонот во Минхен

Корејскиот производител Kia во текот на минатата недела најави дека Европа за првпат ќе добие свој посебен Sportage со карактеристични спецификации, а истиот сега ја доживеа својата премиера. Новиот кросовер е дизајниран специјално за Европа и иако во најголем дел потсетува на глобалниот модел кој беше претставен кон почетокот на јули, сепак европската верзија е за 133 милиметри пократка од својот „брат“.

Должината на кросоверот изнесува 4.515 милиметри, а од Kia истакнуваат дека и стајлингот, технологијата и погоните се дизајнирани специјално за европските купувачи. Иако е пократок од глобалната варијанта на Sportage, европскиот модел ја добива истата предница. Тоа значи дека тука се наоѓа модерната Tiger Nose решетка која е споена со препознатливите LED дневни светла заедно со Matrix LED фаровите. Како новина за Стариот континент е и тоа што Kia за овој Sportage нуди и црн покрив благодарение на кој се нагласуваат карактеристичните дизајнерски линии на коросоверот. Купувачите ќе можат да бираат меѓу 17, 18 или 19-инчни тркала кои пристигнуваат во шест различни дизајни, бои и финиши.

Ентериерот на новиот Sportage исто така е одважен како и екстериерот, а пред возачот се наоѓа голем заоблен 12,3-инчен инфозабавен екран. Зад управувачот се наоѓа подеднакво големиот дигитален инструмент кластер кој е опремен со целосен тенок филмски транзистор и ликвидно-кристален екран за чиста слика. Возачите ќе можат да ги гледаат мапите на екранот и секогаш ќе ги имаат најновите информации благодарение на бежичните унапредувања благодарение на кои инфозабавата ќе биде секогаш во тек со времето и промените.

И покрај помалата големите на екстериерот, патниците на задната клупа ќе добијат 996 милиметри простор за нозете и 998 простор за главата. Сопствениците на располагање ќе добијат и 591 литар багажен капацитет, а со 40:20:40 размерот за поклопување на задната клупа, капацитетот се зголемува до 1.780 литри.

Погони погодни за европските купувачи

Под хаубата Kia на европските купувачи ќе им понуди цел опсег на погонски склопови кои вклучуваат plug-in хибрид, хибрид, благ хибрид и дизел. Plug-in хибридната поставка се одликува со 1,6-литарски T-GDI мотор и 66,9 kW електромотор со перманентно магнетно триење и 13,8 kWh литиум-јонска батерија. Севкупно, оваа поставка испорачува 265 КС. Хибридниот модел, пак, го користи истиот мотор и 44,2 kW електромотор со 1,49 kWh батерија и испорачува 230 КС.

Моделот со блага хибридна технологија исто така го користи 1,6-литарскиот четирицилиндричен мотор, кој може да испорача 150 или 180 КС. Од друга страна, 1,6-литарскиот дизел е достапен со 115 или 136 КС и се одликува со SCR технологија за активна контрола на емисиите со цел да помогне во намалувањето на NOx и останатите штетни емисии.

Седумстепениот автоматски менувач со двојна спојка и шестстепениот мануелец се достапни за сите варијанти. Сите европски модели се опремени и со Start/Stop технологија како стандарден дел од опремата.

Покрај разноликоста на моторите, Kia исто така ќе понуди и цел опсег на возачки режими за новиот Sportage. Покрај Comfort, Eco и Sport, за првпат пристигнува и Terrain режимот кој е развиен за возење по снег, кал и песок. Новиот Sportage исто така добива и електронски контролиран систем на потпирање, кој постојано ќе ја подесува контролата на амортизерите со цел да го задржи возилото што е можно поспортско, удобно или способно за совладување на терените, онолку колку што може да биде постојано.

Kia Sportage

Kia очекува да започне со продажба на новиот Sportage за европскиот пазар кон крајот на годинава, или почетокот на следната година. Цените ќе бидат објавени како што ќе се наближи датумот на лансирање.

Поврзани вести

Back to top button