fbpx

Премиера за новиот Range Rover Sport

Range Rover Sport влегува во својата трета генерација, а Land Rover подготви неколку промени заедно со нов стајлинг на екстериерот и ентериерот

Land Rover го претстави новиот Range Rover Sport кој ќе добие и целосно електрична варијанта во 2024 година, со што ќе стане првиот ЕВ на брендот. Но, додека да пристигне електричната верзија, фокусот треба да се насочи кон конвенционалната верзија. Така, новиот Range Rover Sport напредува доста во однос на својот претходник со 4,4-литарскиот V8, заедно со два plug-in хибридни погони кои можат да поминат и до 113 километри исклучиво на електрична енергија.

Суптилна, но значителна дизајнерска еволуција

Кога станува збор за дизајнот, Range Rover Sport влече инспирација од стандардниот Range Rover, карактеризирајќи се со сокриените рачки на вратите и мазниот стајлинг, но тука сите сличности запираат. Land Rover реши да го опреми Sport со уникатен преден и заден дел, а дневните светла се најтенките кои Land Rover ги поставил кај некој свој автомобил, додека самиот модел има 0.29 коефициент на воздушен отпор.

Range Rover Sport

Range Rover Sport е поставен на MLA-Flex платформата, која се наоѓа и кај Range Rover, ова значи дека Sport ги нуди голем дел од истите карактеристики на шасијата, како што е и 7,3-степеното управување на сите тркала. Dynamic воздушниот систем на потпирање на Land Rover е стандарден во целиот опсег на Sport моделот.

Широк спектар на погонски опции

Кога станува збор за погоните, Land Rover ќе го нуди новиот Sport со голем број на опции, меѓу кои и два Electric Hybrids модели, шестцилиндерски Ingenium бензински и дизел мотори со блага хибридна технологија, како и целосно новиот V8 битурбо агрегат. Како што веќе напоменавме, во 2024 новиот Range Rpover Sport ќе добие и целосно електричен модел.

Новиот P510 e Electric Hybrid е создаден да ги пресретне потребите на возачите кои сакаат високи перформанси, импресивна ефикасност и повеќе од 100 километри опсег на движење на електрична енергија. Оваа верзија користи 3,0-литарски шестцилиндерски Ingenium бензински мотор со моќен 105 kW електромотор и 38,2 kWh батерија, испорачувајќи вкупно 510 КС моќност.

Во понудата е достапен и P440e Electric Hybrid кој испорачува 440 КС и го има истиот целосно електричен опсег на движење, додека забрзувањето од нула до „стотка“ го достигнува за само 5,8 секунди. На врвот се наоѓа новиот V8 битурбо кој испорачува 530 КС на кого за истото забрзување му се потребни 4,5 секунди со Dynamic Launch. Поставата е комплетирана со P360 и P400 благи хибридни шестцилиндерски Ingenium бензинци и шестцилиндерски D250, D300 и D350 дизел мотори со блага хибридна технологија. Сите мотори ги придвижуваат сите четири тркала преку осумстепениот ZF автоматски менувач преку интелигентниот All-Wheel Drive систем.

Range Rover Sport

Повеќе простор и повеќе технологија

Кабината на Range Rover Sport делува препознатливо, бидејќи моделот ја добива истата постава како Range Rover, но постојат и неколку карактеристични разлики. Инфозабавниот екран кај Sport, „лебдечки“ заоблен дисплеј со висока резолуција, е поставен под агол веднаш над централната конзола, а 13,1-инчниот екран работи со помош на Pivi Pro софтверот на Land Rover.

Пред возачот се наоѓа 13,7-инчен Interactive Driver Display. Apple CarPlay и Android Auto се стандарден дел од опремата, заедно со 15-ватното бежично полнење. За звукот е задолжен Meridian со својот врвен Signature Sound System со 29 звучници.

Range Rover Sport

Пространоста во кабината е поголема во однос на претходно, а тоа е благодаарение на 54 милиметри подолгото меѓуоскино растојание, со што просторот за нозе е поголем за патниците, кои пак добиваат и седишта со масажерски функции и 22-насочно подесување.

Land Rover ќе го произведува новиот Range Rover Sport во Солихал погонот во Велика Британија и истиот веќе е достапен за нарачка на матичниот пазар по почетна цена од 79.150 фунти.

Поврзани вести

Back to top button