fbpx

Премиера за освежената BMW Серија 3

BMW подготви фејслифт третман за Серија 3 за 2023 година, а обновениот автомобил пристигнува со неколку измени во надворешноста, проширување на палетата на бои и нови дизајни на тркалата

Малку возила се толку важни во поставата на BMW како Серија 3. Затоа, германската марка го освежи својот модел за 2023 година кој се стреми да го одржи конкурентен во сегментот на луксузни спортски седани, нудејќи неколку промени на екстериерот, компензирани со значително ажурирање на ентериерот.

Без драматични промени

Ако се земат предвид неодамнешните премиери на возилата на BMW, освежувањето на Серија 3 за 2023 година може да се смета за прилично конзервативно. Тука ги нема поделените фарови или огромната решетка која подигна голема прашина претходно. Аголните отвори се редизајнирани со карактеристична форма L, која се пресликува во LED елементите на новите фарови. Засеците на долниот дел од леќите ги нема, а соодветните остри линии на телото на фасцијата се значително намалени. Популарните „бубрези“ се малку пошироки, а севкупниот резултат е почисто лице наспроти моделот во заминување. Всушност, најголемиот впечаток од овој фејслифт на BMW остава тоа што Серија 3 се наметнува како поспортска алтернатива уште од самиот старт. Shadowline тримот сега е стандарден, правејќи го сатенскиот алуминиумски трим достапен како опција.

Сличниот стајлинг продолжува одзади, иако e далеку помалку драматичен. Задните светла ја задржуваат својата форма, но се малку потенки од претходно. Редизајнираната задница вклучува повеќе L форми со вертикално ориентирани рефлектори поставени во црни куќишта. Други надворешни елементи се специјалните тркалезни облоги во ретро стил на BMW Motorsport на хаубата, багажникот и капачињата на тркалата за моделите M340i, во чест на 50-годишнината од BMW M. Другите промени во екстериерот вклучуваат сосема нов дизајн на тркалата и нова палета на надворешни бои.

BMW Серија 3 пристигнува со најновата внатрешна технологија, а тука е вклучен заоблениот дисплеј на BMW, кој се состои од 12,3-инчен екран со информации за возачот зад воланот и 14,9-инчен централен екран, насочен кон возачот. Новиот ентериер го вклучува најновиот iDrive, кој работи на оперативниот систем 8 на BMW. Компанијата го подобри препознавањето на говорот со интелигентниот персонален асистент на BMW кој сега може да ги отвора и затвора прозорците и подвижниот покрив и да ја приспособи контролата на климата користејќи природен говор.

BMW Серија 3 2023

Широка палета на моторни опции

Во Европа, освежената серија 3 Седан ќе се нуди со мноштво дизелски и бензински варијанти, вклучувајќи ги 318i, 320i, 320i xDrive, 330i, 330i xDrive, M340i xDrive, 320e, 2330, 320e, 320, 330, xDrive, 330d, 330d xDrive и M340d xDrive. Истото ќе важи  за Серија 3 во Touring изведба, но наместо 320i xDrive има модел 320e xDrive.

За напојувањето на 318i е задолжен 2.0-литарски турбо четирицилиндричен мотор со 156 КС и 250 Nm вртежен момент. Моќноста се зголемува до 184 КС и 300 Nm во моделите 320i, додека кај 330i моќноста доаѓа до 245 КС и 400 Nm. Над овој мотор во семејството на бензинци се наоѓа 3.0-литарскиот турбо шестцилиндричен агрегат на M340i xDrive со 374 КС и 500 Nm.

Што се однесува до електрифицираните 320e и 330e, и двата користат 2.0-литарски турбо четирицилиндрични мотори што е доволно за 163 КС и 300 Nm кај 320e и 184 КС и 300 Nm во 330е. 318d и 320d имаат 2.0-литарски турбо-дизел четири со 150 КС и 320 Nm и 190 КС и 400 Nm). Помоќниот 330d се продава со 3.0-литарски турбо-дизел шест со 286 КС и 650 Nm, а на врвот на дизелската палета е M340d со 340 КС и 700 Nm.

BMW ќе ги произведува и новите 3-Series Sedan и 3-Series Touring во својата фабрика во Минхен, а цените ќе бидат објавени наскоро.

Поврзани вести

Back to top button