fbpx

Премиерата за новиот Citroen C4 ќе се одржи на крајот од јуни

Компанијата Citroen подготвува нов модел C4 кој наместо досегашната хечбек форма ќе добие изглед на кросовер

Citroen го подготвува новиот C4 во едно поианкво издание и ќе се обиде преку брзорастечкиот сегмент на SUV/кросовери да се спротистави на конкуренцијата преку еден радикално поинаков изглед од конкурентските модели. Одлуката да се напушти традиционалната форма на хечбек од C сегментот и да премине на нешто ново е начин за Citroen да се избори со високата конкуренција на пазарот. Претходниот C4 беше конзервативен хечбек чија продажба беше прекината во 2017 година.

„Се сложувам дека C сегментот е прилично традиционален сектор и веројатно е вистинското место за промени. Идејата е да најдеме вистински баланс меѓу пристапноста, сестраноста, удобноста, подобриот пристап и подобрата прегледност, а веројатно е потребно и повеќе стил“, изјави новиот директор на Citroen Венсан Кобе.

Целосно новиот C4 ќе биде претставен кон крајот на јуни и воедно ќе послу
и за воведување на новиот дизајнерски јазик на француската компанија.

„Купувачите бараат нов дизајн, а ова е идеална шанса да ја покажеме нашата креативност. Имаме богата историја во овој сегмент и знаеме што мораме да направиме, а што да избегнуваме. Автомобилот кој го дизајниравме го има најдоброто од различни светови. Ќе има силен карактер и нов светлосен потпис преземен од концептот 19_19“, изјави директорот на Citroen за производи и стратегија Лоренс Хансен.

Новиот модел ќе ги замени C4 и C4 Cactus

Новиот C4 ќе ја искористи популарноста на кросоверите, но ќе влезе и во сегментот на електрични автомобили. Ќе биде поставен на CMP платформата на PSA Групацијата која ќе му овозможи на Citroen да го понуди својот кросовер со бензински и дизел мотори, но и со електричен погон. Со својот кросовер облик новиот C4 практично ќе замени два автомобили, а тоа се стандардниот C4 и C4 Cactus.

Peugeot 2008 ја користи истата платформа и батерија од 50 kWh која му овозможува да мине околу 300 километри со едно полнење. Платформата поддржува и 1,5-литарски дизелски, како и 1,2 литарски трицилиндерски турбобензинец. Двата агрегати ќе се најдат во понудата кога на пазарот ќе се појави новиот Citroen C4.

Традиционалниот C сегмент забележува благ пад во продажбата пред се поради растот на популарноста на кросоверите и SUV моделите.

Поврзани вести

Back to top button