fbpx

Премиерно претставен новиот Jeep Grand Cherokee

Петтата генерација на еден од најважните адути за компанијата Jeep, моделот Grand Cherokee ја доживува својата премиера во стандардна верзија

По премиерата на Grand Cherokee L во јануари, Jeep сега ја претстави и стандардната, „скратена“ варијанта на моделот. Проширувањето на Grand Cherokee поставата со кратење на меѓуосовинското растојание за 126 милиметри со цел да се креира SUV со два реда и пет седишта, како алтернатива на моделот кој дебитираше претходно.

Пократкиот, или стандардниот Grand Cherokee го добива истиот стајлинг како и „L“ верзијата, со тоа што тука меѓуосовинското растојание изнесува 2.964 милиметри и за првпат добива хибридна моќност во својата постава.

Прв Grand Cherokee со 4хе

Новиот plug-in хибриден модел наречен Grand Cherokee 4xe комбинира четирицилиндричен мотор со двомоторска електрична асистенција, исто како и кај Wrangler 4xe. Комбинацијата на 2,0-литарски бензинец со 17 kWh батерија му овозможува на 4хе 380 КС и 637 Nm вртежен момент. За градските улици е идеален за да помине 40 километри користејќи само струја. Покрај ова, достапни се и други погонски опции за возачите кои го сакаат стандардниот 3,6-литарски V6 Pentastar кој развива 293 КС и 348 Nm максимален вртежен мотор. Тука е и славниот 5,7-литарски V8 „Hemi“ кој испорачува 357 КС и максимални 528 Nm.

Grand Cherokee

Jeep не ги заборава ниту оние вистинските авантуристи кои сакаат да го искористат својот Grand Cherokee во екстремни услови, па така овој SUV ја добива и Trailhawk верзијата. За оваа варијанта од Jeep велат дека е тестирана за возење во сите најтешки теренски услови и ги исполнува очекувањата, а голема заслуга за тоа има стандардниот погон на сите четири тркала и клиренсот од 28,7 сантиметри. Тука се секако и задниот заклучувачки диференцијал и оф-роуд пневматиците, како и неколку други теренски додатоци на самиот автомобил.

Grand Cherokee

Голем избор во опсегот

Остатокот од опсегот на Grand Cherokee го сочинуваат Laredo, Altitude, Overland, Summit и Summit Reserve нивоата. И додека базичните модели пристигнуваат стандардно со погон на задните тркала, Jeep нуди неколку опции за погон на сите четири тркала со Quadra-Trac I, Quadra-Trac II and Quadra-Drive II.

Кога станува збор за самиот дизајн, дизајнерскиот стил воопшто не е променет во однос на Grand Cherokee L, а голема е сличноста и со претходната генерација, пред се тоа се однесува на обликот на предната маска и фаровите кои се мошне слични, а ги следи и останатите препознатливи линии кои се забележливи кај Jeep. Зависно од потребите на купувачот, стилот може да биде елегантен или агресивен истовремено. Многу поголемо внимание е посветено на ентериерот, каде Grand Cherokee е помал од „L“ верзијата, но во суштина добива на димензии во споредба со моделот кој го заменува.

Grand Cherokee

Препознатлив ентериер

Во внатрешноста има простор за пет лица, а вториот ред се добива само со единечна клупа. Стајлингот е ист како и кај L верзијата, а тоа значи и сличен луксузен „вајб“, како и дел од технологијата кај врвните Wagoneer модели. Пред возачот се наоѓа најголем екран од 10,1-инчни кој пристигнува со uConnect системот на Stellantis, а нуди и конективност со Apple CarPlay и Android Auto, а пред совозачот се наоѓа уште еден екран наменет за инфозабавата, додека како опција, покрај големиот дигитален инструмент кластер, возачот може да избере и head-up екран.

Новиот Jeep Grand Cherokee се очекува да ја добие својата комерцијализација во Европа во втората половина на 2022 година, а конкретните детали за потрошувачката, опсегот и сите оние останати најважн информации за европскиот пазар ќе бидат достапни подоцна.

Поврзани вести

Back to top button