Премиерно претставена Hyundai Elantra N
Моќниот перформансен седан на Hyundai, моделот Elantra N, ја доживеа својата премиера и пристигнува со спортски и агресивен стајлинг
За напојувањето на Hyundai Elantra N е задолжен 2,0-литарскиот турбо четирицилиндричен мотор кој сега има 5 милиметри поголемо турбинско тркало и испорачува 280 КС и 392 Nm максимален вртежен момент. Во комбинација со агрегатот е осумстепениот автоматски менувач со двојна спојка или шестстепениот мануелец кои ја испраќаат моќноста на предните тркала. Со вклучување на N Grin Shift режимот, засилувањето на моторот се зголемува, со што моќноста на моторот се искачува на 289 КС, а спринтот од нула до „стотка“ се достигнува за 5,3 секунди.
Помош во испорачувањето на моќноста дава и диференцијалот со електронски ограничено пролизгување кој Hyundai го нарекува N Corner Carving Different. Автомобилот исто така добива и launch control систем и ги нуди истите N Grin Shift, N Power Shift и N Track Sense Shift режимите како останатите Hyundai N модели.
Друга иновативна карактеристика кај Elantra N е WEC инспирираната интегрирана возачка оска која ги интегрира погонското вратило и лежајот со што се намалува тежината за 1,7 килограми со што се подобрува страничниот зафат. За подобрување на перформансите на автомобилот е задолжен и електронски подесувачкиот систем на потпирање кој се одликува со унапредени компоненти, заедно со дополнителните зацврстувања на шасијата кои овозможуваат поголема крутост.
Интересни новитети
Неколку други карактеристики дебитираат со новата Elantra N. Една таква е N Sound Equalizer кој испорачува звуци во кабината кои можат да ги имитираат звуците на TCR тркачките возила. Варијабилниот издувен систем исто така е унапреден за намалување на бучавата, но притоа ги задржува оние крцкања и пукнувања како останатите N модели.
Во внатрешноста Elantra N добива тајмер за кругови како дел од инфозабавниот систем и други важни елементи за следење на состојбата во автомобилот. Секако, тука се и унапредените седишта со дополнителна поддршка и голем број N логоа кои потсетуваат дека седите во перформансен автомобил, а како опција се нудат и спортски седишта кои се поставени 10 милиметри пониско.
Од стилска перспектива, Hyundai Elantra N добива поаголем и поагресивен дизајн во однос на обичната Elantra. На предниот дел се наоѓа специјален браник и зголемени отвори за воздух, како и нов сплитер. Автомобилот е опремен со уникатни странични прагови, заден дифузер, фиксирано задно крило и специјално дизајнирани тркала.
Hyundai се уште не открива податоци околу цената и достапноста на Elantra N на пазарот. Најпрво се очекува да се појави во Јужна Кореа, а продажбата на останатите пазари се очекува до крајот на 2021.