fbpx

Успешна година зад Премиум Ауто Зентрум

Пред една година Премиум Ауто Зентрум реши да ја промени дејноста, па на пазарот, од импортер се појави како мулти бренд салон за продажба на нови и користени возила. По скоро 12 месеци се покажа дека одлуката не само што била добра, туку според реализацијата и стореното, мошне добра.

Пред една година Премиум Ауто Зентрум реши да ја промени дејноста, па на пазарот, од импортер се појави како мулти бренд салон за продажба на нови и користени возила. Во текот на овој период Премиум Ауто Зентрум пласирал 75 возила, исклучиво од премум светските брендови и вредности помеѓу 30-130.000 евра. Меѓу реализираното има нови и стари возила, увезени пред се од проверени центри на одредени европски пазари и партнери во работењето. И кога многумина „не прешкртаа“, Премиум Ауто Зентрум потврди дека умее и може во секое време да се носи со предизвиците на ова поле, потенцира во своето обраќање директорот на компанијата, Владимир Билбилов.

– Пред една година направивме еден голем и решителен исчекор нанапред, менувајќи го концептот на работа, од импортер во директна врска со принципал, до самостоен мулти бренд продажен центар за нови и користени автомобили. Одлучивме да не се промени димензијата на работење во однос на користење на корпоративен капитал, со кој се акумулира лагер на автомобили, кои се во кореалација на поставените критериуми и тргнавме решително, иако периодот на почеток за ваква работа беше серозно, поради неповолните економски фактори како и нестабилната политичка состојба во земјата. Денес кога веќе една година е зад нас, време е да извлечеме заклучоци од сето тоа што го направивме и секако она што го стекнавме како искуство во периодот. Тргнавме силовито, имавме стратегија, зацртан план и со задоволство констатирам дека навистина за една година сторивме-многу! За нашите дела и услуги говорат насмеаните лица и задоволство кај нашите клиенти.

Premium Auto Zentrum godisnina
Оваа година очекуваме да ја завршиме со 75 продадени автомобили, во која се вклучени сите брендови од понудата, сепак најзадоволни сме од интересот за брендот Land Rover, особено моделот Range Rover, каде бевме и останавме препознатливи и за кој има континуиран голем интерес. Воедно направивме и филтрација кај моделите во однос на категоријата и моторите кои нашиот купувач ги бара, ја ограничивме староста на три години, па допревме до клиентите на свој начин. Овде вреди да се напомене дека вклучивме и финансирање поддржано од банка која го препозна потенцијалот на нашата понуда и не прати континуирано. Поддршката од нашите останати фирми кои имаат услуги директно поврзани со автомобилите: ЕОС Брокер, Bosch дизел центар, исто така дадоа придонес за професионалниот пристап и третманот на клиентите.

Што понатаму?

Развојот на секој бизнис е базиран на внатрешни и надворешни фактори. За внатрешните фактори имаме директно влијание и се под контрола, тука сме ние одговорни. Концептот продолжува со зголемен интензитет во понудата, и планот ќе се зголеми за 20- 25% од годинешниот. Што се однесува на надворешните фактори кои влијаат на развојот, имаме оптимистички став дека во оваа нова структура на институциите кои се одговорни за воведување на законски регулативи, ќе се создадат нови квалитетни услови за развој на бизнисот, како на употребувани така и на нови автомобили. Во организиран систем на работа при набавка според важечки регулативи, кои ке бидат на повисоко ниво од сегашните, со спроведување на темелна техничка контрола на автомобилите, имаме одговор за многу нешта. Ние ќе се залагаме многу компании да ја примена нашата форма на работа, не само во премиум туку и во останатите категории на автомобили, каде понудата ќе се искристализира со квалитет, а ќе се редуцираат имиџ автомобилите со одамна изминат рок на траење, кои само прават штета на околината и учесниците во сообраќајот. И ке бидеме сите одговорни и ќе придонесеме за обновување на возниот парк во Македонија, заврши Билбилов.

 

Поврзани вести

Back to top button