fbpx

Претставен Audi TT RS 40 Years of Quattro

Audi за германскиот пазар претстави специјална верзија на Audi TT по повод 40-годишнината од постоењето на легендарниот модел Ur-Quattro

На Салонот за автомобили во Женева 1980 година Audi го претстави моделот кој стекна статус на легенда во рели шампионатите и беше камен темелник за моделите со високи перформанси, а тоа беше Quattro. Четири децении подоцна TT RS добива специјална верзија наречена 40 Years of Quattro со која Audi ја прославува важната годишнина.

Достапен исклучиво како купе и наменет ексклузивно за германскиот пазар, специјалниот модел ќе биде произведен во само 40 примероци, еден за секоја година кој мина од претставувањето на легендарниот Ur-Quattro модел.

TT RS 40 Years of Quattro е лакиран во Alpine бела боја, а доби и специјални налепници инспирирани од оние кои ги имаше Audi Sport Quattro S1, легендарниот рели автомобил. Автомобилот може да се добие и во форма на двосед, а во тој случај задното седиште го заменува попречна шипка која ја подобрува торзионата крутост и ја намалува тежината на автомобилот за 16 килограми. Рачката од седумстепениот S Tronic автоматски менувач содржи плочка со индивидуален број.

Audi TT RS 40

Под хаубата се наоѓа истиот петцилиндричен мотор со турбо полнач кој развива 394 КС и 480 Nm максимален вртежен момент. Наградуваниот 2,5-литарски TFSI мотор овозможува забрзување од нула до „стотка“ за 3,7 секунди и максимална брзина од 280 километри на час, која е зголемена со тргнување на електронската блокада.

Audi TT RS 40 Years of Quattro без дилеми ќе биде мошне посакуван автомобил, но и мошне скап. Основниот TT RS Coupe чини околу 66.500 евра во Германија, а специјалниот модел дури 114.040 евра.

Поврзани вести

Back to top button