fbpx

Претставен освежениот Citroën C3 Aircross

Citroën го претстави освежениот C3 Aircross за 2021 моделската година со редизајниран преден дел, повеќе персонализирачки опции и нови комфорни карактеристики

Инспириран од Citroën CXperience концептот, унапредениот кросовер модел пристигнува со целосно рестилизиран преден дел кој вклучува нов браник и нова решетка, како и нови LED фарови кои се стандарден дел од опремата. Повисоко поставената хауба ги комплетира промените, со што C3 Aircross се доближува до моделите како новиот C4.

C3 Aircross

Како додаток на сето ова, Citroën ќе го понуди C3 Aircross со вкупно 70 комбинации на екстериерот, со што дополнително се зголемуваат опциите и можностите за персонализација во однос на својот претходник. Новите опции вклучуваат три нови бои на каросеријата – Khaki Grey, Voltaic Blue и Polar White – од вкупно седумте опции на бои, два нови пакети на бои, како и привлечните бојни инсерти на екстериерот, како и избор на три бои за покривот.

Ентериерот на освежениот Citroën C3 Aircross исто така е обновен со Advanced Comfort седиштата на францускиот бренд. Тие се карактеризираат со уникатна постава, дополнителни 15 милиметри пена и зацврстена поддршка. Тука е и новата централна конзола со голем простог за складирање кој може да се прекрие со капак на лизгање. Освен ова, Citroën добива и нов, поголем 9-инчен инфозабавен систем со повисок квалитет, како и Android Auto и Apple CarPlay. Задната клупа може да се поместува за 15 сантиметри. Со тоа, капацитетот на багажникот варира од 410 до 520 литри, односно 1.289 литри со преклопена клупа.

C3 Aircross

Меѓу опционалните дотатоци се нуди опција за бежично полнење и Citroën Connect Assist. C3 Aircross може да биде опремен со 12 активни безбедносни системи, вклучително и head-up екран во боја, Active Safety Brake, асистент за паркирање и најновата Top Rear Vision камера. Напредниот Grip Control на Citroën асистенција за движење по надолнина исто така се нудат како опција.

Citroën C3 Aircross за 2021 година ќе биде достапен со бензински и дизел мотори. Понудата почнува со 1,2-литарскиот бензински мотор со турбо полнач и 110 КС, односно 130 КС. Тука се и 1,5-литарскиот дизел мотор со 110 КС и 1,6-литарскиот дизел со 120 КС. Базичните верзии пристигнуваат со шестстепен мануелец, додека помоќните верзии со шестстепен автоматски менувач.

C3 Aircross

Првите примероци на освежениот C3 Aircross ќе пристигне во продажните салони ширум Европа во јуни.

Поврзани вести

Back to top button