Претставен освежениот Volkswagen Polo
Гигантот на Volkswagen меѓу малите автомобили, моделот Polo, доби своја нова рестилизација и освежување со дизајнерски елементи на новиот Golf 8
Volkswagen Polo е на пазарот речиси 50 години, а за време на истиот период е продаден во 18 милиони примероци и често е меѓу најпродаваните модели во Европа. Но, со цел да го направи поинтересен, германскиот производител подготви освежување за средина на неговиот животен циклус, давајќи му стилски елементи на Golf 8 и неколку технолошки карактеристики кои можат да се забележат кај „знаменосецот“ SUV Touareg.
Со оглед на тоа дека станува збор за фејслифт, најголемите визуелни промени се светлосните единици и браниците. LED фаровите се стандардни на секој модел и се поврзани со светлечка лента поставена над решетката, а како опција се нуди и Matrix LED технологијата која се наоѓа кај Touareg и Passat, додека на задниот дел се наоѓаат светла кои се протегаат и на задната врата налик на оние кај поголемиот „брат“, Golf 8.
Но, ова не е единствената технологија која ја има кај поголемите автомобили, која Polo ја добива со овва освежување. Volkswagen додаде различни безбедносни системи под името IQ. Drive Travel Assist. Овие опционални системи вклучуваат адаптивен темпомат и асистенција за одржување на коловозната лента, иако базичниот систем за следење на лентата е стандарден кај сите модели.
Нови нивоа на опременост и четири мотори во поставата
Во внатрешноста Polo изгледа многу поконвенционално во однос на новиот Golf, но добива нови опционални команди за клима-уредот, односно копчиња чувствителни на допир. Новитет низ целиот опсег исто така е дигиталниот инструмент кластер од 8,0-инчи кој доаѓа во комбинација со 6,5-инчниот екран на допир од инфозабавниот систем кои се во базичните верзии. Кај повисоките нивоа на опременост, купувачите добиваат 10,25-инчен дигитален инструмент кластер во комбинација со 9,2-инчен инфозабавен систем.
Кога станува збор за нивоата на опременост, тие почнуваат со базичниот Polo, преку Life, Style, спортскиот R-Line и на врвот се наоѓа GTI. Volkswagen допрва треба да ги открие деталите за хот хеч верзијата на освежениот Polo. R-Line моделот, покрај тоа што добива лажни издувни цевки и е поставен на 16-инчни тркала, додека послабите верзии пристигнуваат со 15-инчен сет.
Моторната постава ја сочинуваат четири опции. Листата почнува со 1,0-литарскиот агрегат со 80 КС и 93 Nm со петстепен мануелен менувач. По него следува TSI 1,0-литарскиот агрегат со 95 или 110 КС, со што првиот е достапен со петстепен мануелец или седумстепен DSG, додека помоќниот пристигнува исклучиво со седумстепен автоматски менувач со двојна спојка. Во понудата нема TDI агрегат, но тука е 1,0-литарскиот TGI мотор со 90 КС и 160 Nm кој користи компресиран природен гас.
Освежениот Polo ќе се најде во продажба во Европа кон крајот на 2021 година, а цените допрва треба да бидат одредени.