fbpx

Претставен продукцискиот Lucid Air

Речиси четири години откако беше прикажан како прототип, Lucid Air конечно ја доживеа својата премиера со своите продукциски спецификации

Напредниот електричен седан Lucid Air пристигнува со водечки технологии, атрактивен дизајн и четири различни варијанти соодветни за различни буџети. Како што беше неодамна откриено, Lucid Air има 113 kWh батерија во комбинација со два електромотори кои произведуваат до 1.080 КС. Во највисоката Dream Edition опрема, Air може да спринта до „стотка“ за 2,5 секунди. Максималната брзина е ограничена на 270 километри на час.

Lucid Air

Останатите варијанти кои ќе бидат понудени се базичниот Air, Air Touring и Air Grand Touring. Последниот има моќност од 800 КС, со што се овозможува спринтот од 0 до 100 km/h да се достигне за 3 секунди. Автомобилот може да патува рекордни 832 километри со само едно полнење доколку е опремен со опционалните 19-инчни AeroRange тркала и гуми. За споредба, перформансниот Air Dream Edition има автономија од 748 километри со достапните 21-инчни AeroDream тркала, или 810 километри со помалите 19-инчни тркала.

Lucid Air

Едно ниво подолу е Lucid Air Touring. Оваа варијанта има 620 КС, спринтот го достигнува за 3,2 секунди и има автономија од 653 километри со претходно споменатите 19-инчни AeroRange тркала. Базичната понуда е „обичниот“ Air, но деталите за автономијата, моќноста и забрзувањето допрва треба да бидат објавени за оваа верзија.

Сите Lucid Air модели ќе се полнат до 32 километри опсег по минута ако се конектирани со DC Fast Charging мрежата. Ова грубо пресметано значи 482 километри автономија со само 20 минути полнење.

Lucid Air

Во внатрешноста, Air има пространа и футуристичка кабина која има за цел да го максимизира просторот. Електричниот седан се одликува со 34-инчен стаклен кокпит со 5К екран кој се чини како да плови над централната конзола. Клучните функции се достапни преку инфозабавниот екран со висока резолуција кој Lucid го нарекува Pilot Panel. Овој екран може да биде сокриен во централната конзола кога не се користи.

На почетокот Lucid Air ќе биде достапен со простор за седење за три возрасни лица на задниот дел. Подоцна, ќе биде понуден со две одделни седишта на задниот дел. Air исто така го користи и Amazon Alexa системот и поддржува бежични унапредувања. Тука е и предното стакло во стилот на Tesla Model X кое се протега на покривот. Lucid успеа да развие специјален пакет на системи за асистенција наречен Lucid DreamDrive. Системот се одликува со 32 различни сензори. Тука е и високо квалитетен Lidar кој работи заедно со HD мапирање со цел да понуди асистентна функционалност од второ и трето ниво.

Lucid Air

Цената за Lucid Air почнува од 72.500 долари. Сите заинтересирани купувачи можат да направат депозит со уплаќање на 7,500 долари. 87.500 долари ќе чини Lucid Air Touring кој ќе пристигне кон крајот на 2021. Аir Grand Touring ќе пристигне кон средината на 2021 и ќе чини 131.500 долари. На врвот е Lucid Air Dream Edition кој ќе биде достапен од пролетта 2021. Неговата цена ќе изнесува 161.500 долари.

Поврзани вести

Back to top button