fbpx

Prima Inkaso – нов центар за Источна Македонија за Great Wall

На само неколку километри пред Штип, на магистралниот пат кон Кочани, Радовиш и Струмица, свечено е отворен новиот изложбен салон на компанијата Prima Inakso, дилер на Толту Моторс, импортерот за програмата на кинескиот Great Wall за нашата држава

Отворањето се одржа во присуство на голем број истакнати личности, луѓе од фелата, новинари…, каде беше апострофирано дека ова е нов предизвик за компанија како Prima Inkaso, која долго време постои на македонската бизнис сцена, а воедно Толту Моторс ги реализира своите идеи за ширење на дилерската мрежа низ повеќе македонски градови, каде првата станица е Штип.

Prima Inkaso

Имено, во моментов ова ќе биде нивниот нов центар за пласман на возилата на Great Wall за овој регион, а беше потенцирано дека веќе во иднина ќе следат уште неколку слични во други делови од земјава. Толту Моторс близу три децении е една од водечките компании во автомобилската индустрија на овие простори. Веќе седма година тече договорот меѓу Толту Моторс и филијалата на кинескиот гигант, Литекс Моторс од Бугарија, за дистрибуција на возилата од програмата Great Wall, а наскоро и на неговите подмарки.

Кинескиот производител, кој бележи извонредни успеси надвор од границите на најбројната земја во светот, Great Wall Motor (GWM) е најголемиот приватен производител на автомобили во Кина и извозник. Компанијата ги пласира своите модели во повеќе од 120 земји низ целиот свет, вклучувајќи земји од Европската унија.

Литекс Моторс во својата производствена програма има шест моделски остварувања, кои преку Толту Моторс им се на располагање на македонските купувачи, пик-апот Steed 5, кросоверот Hover H5, потоа Hover H6, кои се одлично познати на нашите клиенти, а други ќе пристигнуваат сукцесивно во текот на оваа и почетокот на идната година.

Новите три изданија се, две од програмата на подмарката специјализирана за кросовери, на кои посебно се горди Кинезите, Haval H2 и Haval H6, како и новата верзија Steed 6, кои веќе имаа свое европско деби на салонот за автомобили во Софија. Haval H2 и Steed 6 наскоро ќе ги видиме и на нашите патишта.

Prima Inkaso

-Задоволни сме што отвораме во соработка со Prima Inkaso нов салон за продажба во Штип. Ова е објект со кој Толту Моторс ќе се обиде да го приближи брендот кон клиентите во овој регион, кои едноставно ќе се уверат во високите вредности и квалитети на возилата кои ги нудиме.

Вреди да се напомене дека Great Wall е еден од кинеските брендови кои во чекор ги прати светските автомобилски трендови, особено кога се во прашање најновите технолошки достигнувања и решенија. Tие на свој начин ја интерпретираат кинеската филозофија на освојување на пазарите, со лансирањето на нови модели во континуитет.

Ние во Great Wall сме посебно горди со својот нов бренд Haval, компанијата продолжува со проширувањето надвор од Кина, главно со аспирации за поцврсто присуство во Европа и САД. Минатата година брендот имаше реализација од 860.000 SUV единици, што ја направија поуспешна од брендови како Ford и Hyundai.

Ако на овој бренд му верува светот, зошто не и нашите купувачи во целата држава, па и овде во Штип, потенцира Сашо Трпковски, првиот човек на Толту Моторс.

– Ова е првиот чекор на Prima Inkaso, отворањето на продажниот салон. Во моментов центарот располага со изложбен дел со големина од близу 400 квадратни метри. Посебно сме задоволни од подадената рака на Толту и ние да станеме дел од големото семејство на кинескиот производител, чија доверба секако нема да ја загубиме, туку со времето ќе ја надградуваме. Имаме уште многу заедно да создаваме, а тоа ќе го покаже времето, истакна директорот на Prima Inkaso, Кире Монев.

Поврзани вести

Back to top button