fbpx

Пристигна новата и целосно електрична Kona

Со моќност од 204 КС и капацитет од 64 kWh, новата Kona Electric претставува првиот целосно електричен компактен SUV на овој корејски производител

Во салоните на македонскиот импортер за програмата на корејскиот гигант Hyundai, деновиве пристигна и најновото остварување на компанијата, целосно електричната Kona. Овој модел претставува дел од листата на 15 нови еколошки возила кои Hyundai планира да ги промовира до 2020 година, со што ќе го зајакне своето учество во еколошкиот сегмент.

Погонскиот агрегат на новата Kona се состои од целосно електричен мотор, кој има излезна моќност од 204 коњски сили и вртежен момент од 395 Nm. Погонот се пренесува на предната оска, додека пак забрзувањето од 0 до 100 е за одлични 7,6 секунди. Што се однесува до батеријата, овој електричен SUV доаѓа со капацитет од 64 kWh, кои му овозможуваат возен опсег од околу 480 километри со само едно полнење.

Kona

Како дел од компактниот Electric спаѓаат и системите за штедење на батеријата, греење на батеријата, автоматско пренесување на трансмисијата, како и стандардните LED светла, системите ABS, ESC и HAC.Покрај овие, Kona располага и со изобилство на безбедносни системи.

Цената на изложениот модел е 49.400 евра, а за повеќе информации може да се обратите во салонот на Кореа Аутотрејд или да ја посетите нивната веб страна на www.hyundai.com.mk .

Поврзани вести

Back to top button