fbpx

Пристигна новата генерација на Mitsubishi L200

Со ревидиран изглед, технолошки подобрувања и нови погонски агрегати, новиот Mitsubishi L200 пристигна во салонот на Мак Аутостар

По речиси 40 години на пазарот, Mitsubishi L200 брои продажба од цели 4,7 милиони примероци, а Mitsubishi Motors Corporation во ноември 2018 година ја воведе и шестата генерација на популарниот пикап модел.

Новиот L200 може да се пофали со подобрувања на секое поле, од технолошко па се до стилско. Надворешниот изглед е целосно ревидиран, подигнат за 40 mm, каде предниот дел добил нов браник, нови светла за магла, целосно нови светлосни уреди, како и решетка со изменет дизајн. Промените во задниот дел се помалку изразени, но сепак се забележуваат во пределот на задните фарови, кои придонесуваат кон поостар изглед и изменетиот браник кој нуди подобра заштита.

Внатре, еволуцијата на дизајнот продолжува со подобрена робусност и функционалност. Шестата генерација на L200 доаѓа со централна конзола со изменет дизајн, нов мултифункционален управувач, подобра интеграција на прекинувачите, зголемена практичност и функционалност, како и материјали со подобар квалитет.

Mitsubishi L200

Како што напоменавме, на листата на новитети се наоѓаат и погонските единици, поточно новиот 2,2 литарски дизел мотор, наменет за европскиот пазар, кој испорачува моќност од 147 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm. Единицата е поврзана со целосно новиот шест-степен автоматски менувач, кој благодарение на употребата на нови материјали, се намалува внатрешната фрикција, што придонесува кон зголемени перформанси и намалена емисија.

На технолошко поле, јапонскиот пикап е опремен со нови HDC и Off-Road режими, FCM систем кој детектира возила и пешаци пред возилото, систем за предупредување на слепа точка, асистент за промена на коловозна лента, RCTA систем и друго.

За повеќе информации околу новиот Mitsubishi L200 обратете се во салонот на Мак Аутостар или посетете ја нивната веб страна www.mitsubishimotors.mk.

Поврзани вести

Back to top button