fbpx

Пристигна освежениот Jaguar XE

Редизајнираниот британски седан покрај стилските измени, добива и многу нова технологија и динамика подобра од кога и да е

Во салонот на Аутомобили Гроуп во Скопје, пристигна освежената верзија на британскиот спортски седан Jaguar XE. Како модел за прв пат претставен во 2016 година, луксузниот XE сега добива и своја освежена варијанта, која покрај стилските измени, може да се пофали и со значително технолошко поткрепување, како и подобрувања во поглед на динамиката на автомобилот.

На прв поглед, забележливи се промените по надворешноста на автомобилот. Предниот браник добива нова подинамична форма, особено забележлива во делот на страничните воздушни отвори, кој заедно со поострите LED фарови му обезбедуваат уште поагресивен изглед на XE. Промените продолжуваат во задниот дел, каде седанот добива нов дифузер и ревидирани LED светла.

XE

Внатрешноста не изостанува од листата на промени, па така со цел да се обезбеди уште поголема практичност и функционалност, кабината на XE добива нов управувач, 12,3-инчен дигитален инструмент кластер, како и нов 10,2-инчен централен инфозабавен систем, кој поддржува Apple CarPlay и Android Auto.

Британскиот седан е понуден со два различни мотори, и тоа 2,0 литарскиот турбо бензински мотор во варијанта со 250 и 300 коњски сили, додека пак љубителите на дизел може да се одлучат за 2,0 литарската турбо единица која испорачува моќност од 180 коњски сили.

Land Rover Discovery Sport

Она што следно може да очекуваме во салонот на Аутомобили Гроуп е освежениот Discovery Sport, кој ќе пристигне кон крајот на оваа година, а она што со нетрпение го очекуваме е целосно новиот Land Rover Defender, кој официјално беше претставен на Саемот во Франкфурт изминатиот месец, а кај нас ќе пристигне кон почетокот на следната година.

Повеќе информации во Аутомобили Гроуп или на тел. (02) 3093 024.

Поврзани вести

Back to top button