fbpx

Пристигнува хибридна Peugeot 508 GT со 4×4

Хибридниот Peugeot 508 GT ќе биде понуден на европскиот пазар како лифтбек, караван и со погон на сите четири тркала, соопштија некои француски медиуми

Последниот модел на француската марка со вообичаен погон на сите тркала беше Peugeot 405 во модификација T16. Автомобилот доби 2.0-литарски турбодвигател во спрега со 5-брзински мануелен менувач. За разлика од него новата варијанта на Peugeot 508 GT ќе биде опремена со напреден хибриден систем.

Од прес-центарот на брендот соопштија дека класичниот мотор со внатрешно согорување ќе има стартер-генератор и ќе биде одговорен за погонот на предните тркала, а дополнителен електромотор ќе ги врти задните. Хибридниот систем во Peugeot 508 GT се состои од 1.6-литарски мотор со моќност од 200 коња, стартер-генератор и електомотор кој додава уште 100 КС.

Тестовите за модел веќе започнаа, а автомобилот ќе биде достапен во 2019 година.

Поврзани вести

Back to top button