fbpx

Пристигнува ултра реткиот Ares S1 Project Spyder

Откако го претстави S1 Project суперавтомобилот минатиот месец, италијанскиот производител на каросерии Ares Design ја најави и Spyder варијантата

Ares S1 Project Spyder ќе претставува модел кој ќе пристигне во ограничена серија, исто како и регуларниот модел. Италијанската компанија Ares Design ќе произведе само 24 единици од овој модел, а книгите за нарачки се веќе отворени. Цените допрва треба да бидат објавени, но се очекува да чини нешто повеќе од S1 Project, чија цена изнесува 500.000 евра.

S1 Project Spyder

Во отсуство на покрив и традиционално предно стакло, Spyder се одликува со два дефлектори за ветер кои креираат виртуелна крошна, со што воздухот се пренасочува над патниците и директно во отворите за воздух кои се поставени над потпирачите за глава.

Специјалниот рачно изработен ентериер е финиширан со најквалитетната Nappa кожа и Алкантара.

S1 Project Spyder

„Секогаш планиравме Spyder верзија на S1 Project и откако го претставивме тој автомобил минатиот месец, реакциите беа фантастични, па така навистина сме задоволни за да ги споделиме деталите за S1 Project Spyder. Сакавме да креираме модел кој е вистинскo признание на задоволството од спортското возење. Оваа нова Barchetta верзија додава дополнителен шарм во S1 Project дизајнот со тоа што додава дополнителна инспирација од светот на мотоспортот и тркачките автомобили од минатото“, изјави коосновачот на Ares, Дени Бахар.

Кога станува збор за перформансите, S1 Project Spyder ќе се напојува со атмосферски V8 агрегат, кој благодарение на тјунираниот ECU од страна на Ares, како и специјално направениот издувен систем, ќе испорачува максимални 715 КС. Моќноста ќе се испраќа на задните тркала благодарение на осумстепениот автоматски менувач со двојна спојка. Од нула до „стотка“ ќе стигнува за само 2,7 секунди.

Поврзани вести

Back to top button