Привилегии за навивачите на Германија од Mercedes
Светскиот шампионaт во Русија започна катастрофално за бранителот на трофејот од Мундијалот во 2016, односно Германија загуби од Мексико
Шансите на актуелниот шампион не се изгубени, а стигнува нова подршка од спонзорите, поточно од Mercedes-Benz. Mаркетинг стратегијата на Daimler во Русија од сега вклучува вградување на специјална мобилна апликација Mercedes-Benz Fan Club – достапна за оперативните системи Android и iOS.
Членовите на клубот можат први да дознаат за главните фудбалски настани на мундијалот од специјализирани новинари, како и да добиваат информации од прва рака за најновите вести околу Mercedes-Benz. Најавени се и оригинални спортски награди и незаборавни подароци од брендот, како и пристап до специјално ексклузивни фудбалски настани – сето тоа е достапно за корисниците на апликацијата по лесна регистрација.