fbpx

Проблемите со дизелот не се завршени

Главниот извршен директор на Audi, Руперт Штадлер изјави дека проблемот со штетните емисии на дизел моторите не е надминат и вети дека ќе ја продолжи борбата со него додека е на чело на луксузната марка на Volkswagen

Штадлер истакнува во интервјуто за Augsburger Allgemeine дека не исклучува нови сервисни акции на ова поле за различни Audi модели. Од компанијата најавија само во овој месец дека откриле проблеми поврзани со емисијата, во уште 60.000 автомобили. Борбата со последиците од Дизелгејт продолжува и по 2 и пол години по избувнувањето на глобалниот скандал.

-Ние сé уште не сме соочени со проблеми и доставивме одредена документација дорегулаторните власти, потенцира Штадлер. – Дизелската криза сè уште не е завршена.

дизел

Штадлер ги повика вработените на Audi да ги игнорираат медиумските шпекулации дека тој ќе биде отстранет од шефската позиција во компанијата и најави дека нема намера да се предаде.

-Се чувствувам одговорен за сето тоа и додека ја имам поддршката на надзорниот одбор и вишиот менаџмент, ја прифаќам одговорноста за мојата задача и решавање на проблемите, за да водам компанијата кон подобра иднина, објасни Штадлер.

Поврзани вести

Back to top button