fbpx

Продолжува беспоштедната битка кај автомобилските великани

Откако во последните неколку години битката за лидерската позиција кај автомобилските групи беше приоритет на Toyota Motor и Volkswagen Group, оваа година станавме сведители на брзиот раст на уште еден кандидат за круната

Од почетокот на годината, алијансата Renault-Nissan зеде замав, предвиде стабилно зголемување во реализацијата и во март се искачи до позицијата на глобален автомобилски лидер. Најновите податоци на Focus2Move покажуваат дека битката за највисоката позиција е крајно сериозна како се приближува крајот на календарската година.

Според статистичките податоци, водечката позиција со раст од 3,9%, или 8.626.947 единици за периодот јануари- октомври е Volkswagen Group. На второ место, со подобрување во бизнисот од 2,5%, односно 8.429.845 единици, е Toyota Motor, а третата позиција со раст од 7,4% или реализација од 8. 252.584 автомобили, е алијансата Renault- Nissan.

Во Топ 10 на најголемите автомобилски групи влегуваат исто така Hyundai- Kia (5.885.908), GM (5.540.513), Ford Motor Company (5.171.219), Honda Motor Company (4.394.256), FCA (4.089.447), PSA (3.421.534) и Suzuki (2.626.486). Со најголемо подобрување во бизнисот од почетокот на годината,може да се пофали Geely Group. Реализацијата на групата се зголеми за импресивни 41,4% на ниво од 1.520.175 единици.

автомобилските
Ова е што се однесува до концерните, но кога станува збор за марките поединечно, со продажбата од 7.239 664 и раст од 3,4% за првите 10 месеци од годината, Тоyota доминира на глобалната автомобилска сцена. Марката забележа подобрување во својот бизнис од 2,9% во октомври, кога беа речиси 700.000 нови автомобили продадени во дилерските центри на компанијата.

Според последните податоци на агенцијата Focus2Move, на второ место во крајот на октомври се подредува Volkswagen со 5.645.008 возила и подобрување од 5,1%, а на трето е Ford со 5.087.521 автомобили и намалување од 1,6%. Во Топ 10 најдобро продаваните брендови за автомобили во првите десет месеци од годината, исто така, вклучуваат: Honda (4.241.920), Nissan (4.235.832), Hyundai (3.565.744), Chevrolet (3.337.496), Kia (2.290.447), Renault (2.156.721) и Mercedes (2.132.371).

автомобилските
Меѓу најпопуларни брендови на глобално ниво, со најголемо зголемување во бизнис од почетокот на годината може да се пофалaт Roewe (+ 95,3%, 326.333), по што се Geely (+ 67.3% 975.072), Baojun (+ 32.6% 752.553), Maruti (+ 15%, 1.353 006), Seat (+ 11,5%, 384 310), Dacia (+ 10.7, 524.993), Fiat (+ 10.4%,1 403 179) и Daihatsu (+ 9,9%, 709.963).

Поврзани вести

Back to top button