fbpx

Продажбата на Kia Sportage достигна пет милиони единици

Kia Motors објави дека продажбата на SUV изведбата Sportage ја мина границата од 5.000.000 единици на глобално ниво

Според Kia, моделот кој беше лансиран во 1993 година, кој во моментов е во продажба со актуелната четвртата генерација, пласирана во 2016, ја заврши 2017 со просечна продажба од 38.000 единици месечно. Во 2016 и 2017 година, Sportage го надмина субкомпактниот Rio во светот и стана најдобро продаваната понуда на Kia. Во првите два месеци од оваа година, моделот забележа 36.632 единици во јануари и 32.930 нови регистрации во февруари.

Sportage

Од првата генерација на Sportage, Kia имаше над 500.000 реализирани единици, од втората, која беше на пазарот во текот на 7 години, резултатот изнесуваше 1.223.776 возила, а од третата, по 6 години пазарно присуство, показателот е близу 2 милиони автомобили.

За четвртата генерација Sportage, Kia објави 1.000.000 продадени парчиња до јануари оваа година.

Поврзани вести

Back to top button