Проект за забрзување на развојот на автономните е-возила
DSpace, e.GO Mobile и Универзитетот Падерборн започнаа проект за развој на возила, кој треба да овозможи истовремен развој и тестирање и на нови системи
Во проектот „Симултан развој и тестирање на кибернетски физички системи (CPS), со користење на применет пример од електрично погонувано автономно возило – SET CPS”, dSpace, e.GO Mobile и Институтот за индустриска математика од Универзитетот Падерборн се обидуваат да го забрзаат развојот на автономни возила со електрични погони. За таа цел, учесниците ќе развијат интелигентни методи базирани на симулација кои го подобруваат и систематизираат процесот на развој и тестирање на комплексни возила. Ова, исто така, треба да доведе до повисок степен на автоматизација.
Новите математички методи од областа на мулти-целната оптимизација ќе земат предвид повеќе цели кои се натпреваруваат едни со други, како што се енергетската ефикасност, удобноста, трошоците и ќе ја осигурат безбедноста на системот. Новите методи ќе бидат интегрирани во синџирот на алатки dSpace и ќе бидат евалуирани од e.GO користејќи прототип од развојот на возилото. Проектот има времетраење од три години и ќе биде финансиран од ЕУ и од државата Северна Рајна-Вестфалија во рамките на натпреварот IKT.NRW Lead Market.