Прогласени победниците на Златно Тркало 2025

Рекорден број гласови на шестото издание на Националниот избор за Најпосакуван Автомобил - Златно Тркало

Циклусот на гласање за Златно Тркало 2025 официјално заврши на 4 април во 23:59 часот, по 14-дневно активно учество на автомобилските ентузијасти од цела Македонија. Ова шесто издание донесе и рекорден интерес, со вкупно 30.630 гласови распределени во пет категории – досега најголем одзив во историјата на изборот.

Како и секоја година, сите финалисти беа подеднакво промовирани на социјалните мрежи од страна на организаторите: Авто Плус, CARClub, Cars by Vik и RPM. Изборот беше отворен за сите нови модели кои беа промовирани на македонскиот пазар во последните 12 месеци и номинирани од страна на овластените импортери.

Победници по категории

По завршувањето на гласањето, следуваат резултатите за секоја од категориите:

  • Главна Награда – Најпосакуван Автомобил во Македонија со 39% од гласовите: Cupra Formentor

  • Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија со 35% од гласовите: Audi A5

  • Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија со 27% од гласовите: Opel Grandland

  • Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија со 24% од гласовите: Geely Coolray

  • Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија со 30% од гласовите: Peugeot 3008

Манифестацијата станува традиција

Златно Тркало станува с̌е поценета и попопуларна манифестација, благодарение на заедничкиот ангажман и професионалната организација, како и фер и транспарентниот процес на избор.

Гласањето беше отворено за целата јавност со пристап до интернет и социјални мрежи, што овозможи репрезентативен примерок и демократски избор на фаворитите.

По иницијатива на Авто Плус, заедно во организација CARClub, Cars by Vik и RPM, Златно Тркало пристигна како уникатен начин за да се избере најпосакуваниот автомобил и опстојува во своето четврто издание, израснувајќи во своевидна традиционална манифестација.

Кога станува збор за самиот избор, учество можеа да земат сите нови автомобили кои се промовираа на пазарот во изминатите 12 месеци. На конечната листа се најдоа моделите кои овластените импортери одлучија да ги номинираат.

По ова, финалистите беа ставени на гласање пред јавноста, а сите лица во земјава кои имаат пристап до интернет и социјални мрежи можеа да го дадат својот глас, според кој се добива конечниот резултат.

Редакцијата на Авто Плус, во име на организаторите, им честита на сите победници и им посакува успешна година во продажба на своите модели.

 

Поврзани вести

Back to top button