fbpx

Модерна интерпретација на Pantera на De Tomaso

Новата компанија на поранешниот шеф на Lotus, Дани Бахар, Ares Design го претстави во седиштето во Модена прототипот на Project Panther – „модерната интерпретација" на легендарниот Pantera на De Tomaso

Од компанијата изјавија дека сериското производство на спортскиот модел започнува овој месец, а цената на секој Project Panther ќе е 750.000 евра. Досега веќе на „невидено“ биле порачани девет автомобили. Како донатор на Project Panther се јавува Lamborghini Huracan. Имено, новиот модел е изграден врз шасијата на Huracan и го користи неговиот погон.

Project Panther

Практично ново во случајов е дизајнот на каросеријата, која потсетува на цртите на Pantera – еден од супер автомобилите на 70-тите години. Од Ares Design ветија повеќе информации за техничките податоци на Project Panther со почетокот на производството, но веќе се знае дека моќноста на автомобилот ќе е 650 коњски сили, а изведбата на Ares ќе е за 100 килограми полесна од Huracan.

Project Panther
1 | Project Panther
2 | Project Panther

 

Поврзани вести

Back to top button