Промени во оделението за дизајнот на BMW Group
BMW Group објави дека со ново реорганизирање на одделот за дизајн, компанијата го прави следниот чекор кон одржливата структура
Двете иновации во организацијата се поврзани со назначувањето на Јозеф Кабан, кој во моментот е одговорен за дизајнот на брендот BMW, како директор на дизајнот на Rolls-Royce од 1 април. На испразнетото место ќе биде поставен Домогаш Дукез, кој досега го контролира стилот на BMW i и BMW M одделите на BMW Group.
„Реорганизирањето на BMW Group Design е сигнал за нашата идна насока“, рече Адријан Ван Хојдонк, директор на BMW Group Design. „Новата структура ќе обезбеди поголема ефикасност, брзина и флексибилност во нашите проекти за дизајн, а новите одговорности ќе постават насока за поединечни брендови и ќе ги усогласат со идните барања“, додаде тој.