Првиот автономен модел на Ford ќе биде хибрид
Американскиот производител Ford ќе предложи прво целосно беспилотно возило во 2021 година
Според потпретседателот на компанијата Џим Фарли, моделот ќе биде изграден од нула, објави Automotive News.
Фарли и останатите шефови во Ford се на мислење дека електричните системи се уште се неефиктивни, бидејќи не можат да обезбедат доволна километража на автономните автомобили. Затоа компанијата се сврте кон употреба на хибридна технологија. Беспилотните автомобили на Ford ќе се користат за испорака на пратки и друг товар. Според идејата на компанијата, тие ќе можат да работат 20 часа на ден. Ако се користи електромобил, за овој период тој ќе мора да се полни неколку пати и тоа го прави неефикасен.
Автономните автомобили на марката ќе располагаат со системи од четврто ниво, што значи дека тој ќе може да се движи без интервенција на човекот. Прототипови на новите системи во моментов се тестираат во Мичиген.