Прва сезона и прва кружна трка за Twingo Cup
На патеката во Кичево со девет модели на Twingo, се одржа првиот Twingo Cup во Македонија
Под организација на клубот Custom Car Racing Team, Twingo Cup на Renault Sport овој викенд во Кичево официјално ја стартуваше својата прва сезона, како и својата прва кружна трка. Претставени беа девет модели на Twingo, кои приредија одлична трка и интересна забава за присутната публика.
Со време од 1:19.806, македонскиот автомобилист Мартин Делев си ја обезбеди првата позиција, на второто место се пласира Томислав Трајковски со време од 1:19.526, додека пак трет со 1:19.401 беше Давид Малинковски.
‘’Искрено ми е мило што публиката низ целата стаза беше презадоволна од сите возачи од Twingo Cup-от. Со Томас и Давид имавме интересна борба за прво место, јас максимално ја искористив приликата за да ги поминам двајцата и со добро темпо до крајот на трката завршив на првата позиција и сум презадоволен и од возилото Twingo и од самиот себе. Голема благодарност до мојот тим како и до организацијата Renault Sport која се погрижи да се помине во најдобар ред и на едно високо ниво.’’ – изјави првопласираниот Марин Делев .
Согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација, следната трка е најавена за 01 – 02.06.2019 во Кичево, а во текот на следните три години, за овој куп планирани се 8 трки, 4 кружни и 4 ридскобрдски.