Првиот електричен автомобил на Porsche ќе се вика Taykan
Porsche објави дека првиот целосно електричен автомобил на марката ќе биде лансиран на пазарот со името Taykan, а неговото производство ќе започне следната година
Сериската верзија на претходно познатиот концепт на Mission Е ќе има два електрични мотори со моќност над 600 коњски сили. Спортскиот електромобил ќе биде во можност да забрза од 0 до 100 km/h за помалку од 3,5 и од 0 до 200 km/h за околу 12 секунди. Од Porsche коментираат дека новиот Taykan ќе понуди можност за оптимално брзо тргнување од место (launch control) без да се земе во предвид намалување во параметрите и реакцијата на автомобилот.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=2q_o4Pl-AuY
Во исто време, слободниот опсег на автомобилот ќе биде над 480 километри.
Porsche има намера да инвестира повеќе од 6 милијарди евра во електрификација на своето портфолио на модели до 2022 година, што е речиси двојно повеќе од првично планираното. Околу 500 милиони евра ќе бидат наменети за развој на разни верзии и деривати на Taykan.