fbpx

Првиот електромобил на Porsche до 100 km/h за 3,5 секунди

Користејќи го профилот на социјалната мрежа Instagram, англиската поделба на Porsche понуди фотографија од тестовите на целосно новиот и прв во историјата на брендот целосно електрични модел Taycan

Иако интересна сама по себе, фотката е придружен и со краток текст во кој од компанијата потврдуваат дел од најдинамичните индикатори со кои може да се пофали прототип верзијата на електричниот Porsche, имено можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 3,5 секунди. Спортскиот електромобил ќе понуди можност за неколку последователни оптимално брзи тргнувања од место (launch control) без да се земе во предвид намалување во параметрите и реакцијата. Во исто време, слободниот опсег на автомобилот ќе биде над 480 километри.

Електричното Porsche Taycan ќе биде пуштено во производство наредната година, aќе располага со два електромотори со моќност од над 600 коњски сили.

Porsche

Поврзани вести

Back to top button