Првиот ЕВ на Bentley ќе биде базиран на Artemis платформата
Првиот електрифициран модел на Bentley беше plug-in хибридниот Bentayga, по што ќе следуваат неколку хибридни возила, а набрзо потоа ќе пристигне и првиот ЕВ
Bentley полека транзиционира кон целосно електричен бренд, а првите детали за првиот целосно електричен автомобил на британскиот бренд почнуваат да се појавуваат. Извршниот директор на Bentley, Ејдриен Холмарк, потврди дека престојниот ЕВ на компанијата ќе биде базиран на Artemis Project на Audi.
Германскиот производител го најави проектот минатата година и истакна дека со него ќе се изроди пионерски и високо ефикасен електричен автомобил кој би можел да биде лансиран во 2024 година. Од Audi исто така истакнаа дека моделот ќе има нова технологија, како и „високо автоматизиран“ возачки систем.
Првиот продукциски електричен автомобил на Bentley ќе биде првиот во серијата вакви возила, а ќе бидат лансирани нешто подоцна во текот на оваа деценија. До 2030 година целата постава на Bentley ќе биде електрична.
„Се радуваме на електрификацијата, ќе имаме поблиска синергија со Audi. Но, ќе продолжиме да имаме силна врска и со Porsche и ова го гледаме како шанса, а не како ризик. Нема дилеми – ние влегуваме силно во електрификацијата. Потребно ни е да го најдеме најдобриот начин за да го следиме тоа“, истакна извршниот директор на Bentley.
Електричниот Bentley доаѓа во 2025
Ејдриен Холмарк исто така истакна дека лансирањето на нивниот прв ЕВ во 2025 година би требало да им овозможи да добијат корист со најновиот развој на батериската технологија. Конкретно, Холмарк истакна дека енергетската густина се зголемува и ова може да им овозможи да користат релативно лесни батерии.
Во моментов малку работи се познати за првиот ЕВ на Bentley, но Холмарк потврди дека компанијата ќе развива SUV, бидејќи „ако немате SUV модели, тогаш не правите ништо. Моделот најверојатно ќе го видиме во 2025, тоа е вистинското време за нас“.
Иако Bentley е познат по тоа што нуди моќни V8 и W12 мотори, нивните купувачи веќе размислуваат околу насочување кон целосно електричните возила. Како што изјави директорот на компанијата, 39 проценти од нив размислуваат да купат електричен автомобил како свое следно возило.