Првиот Ford Mustang Shelby кој победил на една трка оди на продажба
Пред неколку месеци беше продаден Ford Mustang од 1968 година, од култниот филм Bullitt за 3,4 милиони долари, сега се очекува овој рекорд да биде урнат
Ford Mustang моделот од култниот филм Bullitt со Стив Меквин во главната улога беше продаден за рекордна сума и според многумина претставуваше најскапиот модел на овој легендарен автомобил, не помислувајќи дека постојат шанси рекордот да биде соборен. По се изгледа, овој рекорд ќе биде соборен многу порано од очекуваното.
На годинешната Mecum аукција ќе се појави моделот Shelby GT350R, кој е првиот Ford Mustang кој победил во една професионална трка. Не само тоа, ова е единствениот примерок зад чиј управувач се нашол Кен Мајлс. Според челниците на Mecum, прашање е дали Mustang воопшто ќе постоеше ако не бил овој автомобил.
Кон крајот на 1964 година, Ford испорача три Mustang модели на фирмата Shelby American со цел да се натпреварува во тогашната SCCA B/Production класа во која доминирал Chevrolet Corvette. Сопственикот на оваа тјунерска куќа, Керол Шелби добил задача да подготви два примероци за професионален автомото спорт, додека третиот модел требало да послужи во маркетинг цели. Нивните шасии добиле посебна ознака, но не според редоследот на производство туку по онаа оригиналната која пристигнала од Ford. Од таа причина, првиот произведен примерок станал 5R002, вториот 5R001, а третиот 5R003. Тие се комплетирани до февруари 1965 година, а потоа се испратени на патеката Green Valley Raceway во близина на градот Далас.
Најважниот модел на Mustang во историјата
Зад воланот на 5R002 се нашол Кен Мајлс, кој во тоа време бил официјален тест возач на Shelby, а светот ќе го памети како првиот професионален возач кој за малку ќе победен на трите Endurance трки во 1966 година (12 часа Себринг, 24 часа Дејтона и 24 часа Ле Ман). Тој ден Мајлс прв минал низ целта, а управувачот подоцна го презеле Чак Кантвел, Џери Тајтус и Ед Лесли. На крајот од сезоната 5R002 ја освои титулата кај конструкторите во SCCA B/Production класата и ќе остане запишано дека победата на Мајлс била прва за Mustang во некој професионален шампионат.
По фантастичната сезона, автомобилот променил неколку сопственици и се натпреварувал во разни аматерски шампионати ширум Тексас и Мексико. Пензиониран е кон почетокот на седумесеттите години и поставен е во Shelby American музајот во градот Болдер, во сојузната држава Колорадо. Тука минал во следните триесетина години пред да го купи човек по име Џон Ацбах и детално да го реставрира. Од тогаш автомобилот освоил бројни угледни награди од кои најпознатите се првото место во класата на Amelia Island Concours d’Elegance и Pebble Beach Concours d’Elegance. Исто така, овој автомобил е еден од ретките модели на Shelby кој добил максимални оценки од новинарите.
На Mecum аукцијата, споменатиот Ацбах ќе продаде дури десет Shelby модели, а покрај овој примерок ќе се најде и реткиот Shelby GT350 прототип со Paxton компресор од 1965 и 1966 година како и славниот Shelby GT500KR (King of the Road) од 1968 година. Кога станува збор за цената, некои експерти одат толку далеку што тврдат дека 5R002 ќе го собори рекордот на Bullitt, а кога ќе се погледне перфектната состојба на возилото и популарноста на Кен Мајлс по филмот „Ford v. Ferrari“ нема да биде изненадување ако тоа на крајот се случи.