fbpx

Првиот сериски модел од Cupra ќе биде кросовер

Првиот сериски модел на Cupra, дизајниран и произведен за новиот бренд на SEAT, најверојатно ќе биде кросовер со форма на купе. Ова го потврди за списанието Autocar главниот дизајнер на Cupra, Алехандро Месонеро-Романоса, кој тврди дека новиот модел ќе се појави следната година.

Кога одлучивме да започнеме со Cupra, бевме свесни дека има два начина за промоцијата на новата спортска марка, објасни Алехандро-Месонеро.  “Едниот е да се направи 100% нов модел, а другиот да се надгради веќе постоечки, како што направивме со Ateca.”

Кросоверот Ateca е управуван од 2.0-литарски бензински турбо мотор со моќност од 300 коњски сили. Моторот работи со роботизиран DSG пренос со две спојки. Освен тоа  Ateca се нуди со погон 4х4 4Drive со систем за векторско насочување на потисок на адаптивни амортизери DCC. Систем за промени во работата на електрониката, работата на моторот во пет сосема за оваа цел дефинирани режими, а тука влегува специјалниот „тркачки” режим Cupra.

Поврзани вести

Back to top button