Првиот тизер од Project 003 на Aston Martin
По најавата за новиот хипер автомобил, конечно добиваме претстава за изгледот на новиот турбо-хибрид на Aston Martin
Британскиот производител на луксузни автомобили веќе ни го најави својот нов хипер автомобил уште минатиот септември, а деновиве тие решија да објават и тизер со кој добиваме прв официјален изглед на третиот хипер автомобил на овој производител.
Целосно новото возило се води под кодното име Project 003, но според некои извештаи тоа може да го добие името Valhalla.
Како дел од палетата на хипер автомобили на Aston Martin, од него се очекува да ги зајакне претстојните Valkyrie и Valkyrie Pro, а истовремено да се најде над своите престојни ривали Ferrari 488 GTB и McLaren 720S.
Од она што може да се види на сликата на која е прикажан задниот дел на возилото, забележителна е сличноста Valkyrie, особено во воздушните тунели кои излегуваат од задниот дифузер. Дополнително, може да се видат тенки LED стоп свелта, испакнати задни тркала, активен заден спојлер и издувни цевки во горниот дел кои излегуваат директно од моторот.
Што се однесува до погонскиот агрегат, главен извршен директор на Aston Martin, Енди Палмер, потврди дека автомобилот ќе биде опремен со V6 турбо хибриден погон, но не откри повеќе детали околу неговата моќност. Сепак, се очекува излезната моќност да биде најмалку 800 до 1000 коњски сили.
Автомобилот ќе биде целосно хомологиран и достапен на сите пазари, а исто така и ќе се продава во конфигурации со поставеност на управувачот на левата или на десната страна.
Производството на новиот хипер автомобил ќе биде ограничено на само 500 примероци на глобално ниво, а на пазарот се очекува да пристигне кон крајот на 2021 година.