fbpx

Првиот турски електричен SUV е подготвен за производство

Групата за турска автомобилска иницијатива се подготвува за пазарна офанзива во Европа со својот прв електричен SUV

Турската автомобилска иницијатива TOGG (Türkiye’nin Otomobili Girişim Grubu) е оформена во 2018 година, а во 2019 заедно со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги претстави протитпите за електричните кросовер и седан модели кои ќе пристигнат на пазарот. Идејата е TOGG во својата постава до 2030 година да има пет модели во различни сегменти и тоа – електричен SUV и седан во С сегментот, електричен хечбек, компактно комбе и уште еден кросовер од B сегментот.

Сега, турската автомобилска групација објави дека е подготвена за масовното производство на својот прв електричен SUV модел, објавувајќи неколку фотографии на социјалните мрежи со кои се прикажува производниот процес на каросеријата, за која се користени исклучиво домашни компоненти.

Производството почнува догодина

Кросоверот ќе биде првиот модел кој ќе дебитира, а ќе добие две модификации. Првата ќе биде со електромотор поставен на задната оска со моќност од 200 КС, додека втората верзија ќе има два електромотори со вкупна моќност од 400 КС, поставени на двете оски. Оваа помоќна верзија од нула до „стотка“ ќе забрзува за 4,8 секунди. Овој модел ќе биде и со поголема батерија која ќе понуди опсег поголем од 500 километри и ќе може да се наполни до 80 проценти за помалку од 30 минути.

Покрај сето ова, развојниот тим на TOGG вети и автопилот систем од трето ниво и минијатурни камери кои ќе бидат замена за конвенционалните надворешни ретровизори.

Инаку, изградбата на фрабичкиот комплекс во Гемлик дистриктот во провинцијата Бурса започна пред безмалку една година, а сите работи треба да бидат завршени до 2022 година. Погонот е поставен на површина од 1,2 милиони квадратни метри и ќе има капацитет за склопување на 175.000 возила годишно. Производството и склопувањето на електричниот SUV ќе започне следната година, кој се најавува и за европскиот пазар, а веднаш потоа ќе пристигне и првиот електричен седан.

Поврзани вести

Back to top button