Првото е-возило на Mazda ќе биде кросовер
Mazda објави уште едно тизер видео од својот прв целосно електричен модел кој ќе дебитира следната недела на Саемот за автомобили во Токио
Додека последното видео открива поглед на внатрешноста, овој пат гледа елементи од надворешноста на возилото. Видеото можеби не покажува многу, но открива клучен аспект од стајлингот на електричниот модел: закосената спортска линија која производителот ја опишува како „купе-кабина“
Веќе претпоставуваме дека се работи за субкомпактен модел, а главен фактор е дека компанијата го тестира електричниот мотор под каросеријата на CX-30. Автомобилскиот производител вели дека новиот модел го носи успешниот дизајнерски јазик- Kodo – Soul of Motion, но исто така истражува „нови насоки повеќе во контакт со футуристички вредности и менување на начинот на живот“.
Mazda тврди дека овој нов пристап резултира во оригинален дизајн кој „олицетворува проширување на експресивниот опсег на Kodo“. Исто така, од Mazda дознаваме дека нејзиното електрично возило усвојува уникатен концепт на вратата и преден крај со „пријателски израз“.
Уникатниот дизајн на моделот ќе биде поддржан од специјална платформа со електричен погон кој се состои од електричен мотор кој испорачува 141коњски сили и 265 Nm вртежен момент, придвижуван од 35,5 kWh литиум-јонска батерија.