fbpx

PSA: Еколошките стандарди загрозуваат 13 милиони работни места во Европа

Плановите на Европската Унија да ги намали емисиите на јаглерод диоксид кој се испуштаат од автомобилите и да ги притисне производителите да започнат побрзо да произведуваат електрични возила, загрозуваат 13 милиони работни места и ги помагаат на амбициите на азиските држави

Ова го изјави шефот на PSA, Карлос Таварес, во интервју за францускиот весник „Ле Фигаро“, цитиран од Ројтерс. Во декември Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ се согласија за намалување на овие емисии до 37,5% до 2030, а како за излезно ниво ќе се прифатат нивоата од 2021 година, додека кај комбињата и автобуситете намалувањето ќе биде 31 отсто.

„Ова ги загрозува работните места на 13 милиони луѓе во индустријата и може да дестабилизира некои европски општества“, рече Таварес, кој го предводи ACEA.

Во истото интервју ги поздрави француско-германските планови за засилување на европското производство на батерии, а целта е да се намали зависноста на европските автомобилски производители од азиските снабдувачи. Поточно, станува збор за изградба на две нови фабрики за батерии на електрични возила.

Португалецот сепак, кој беше на втора позиција во Renault, а потоа се зафати со спасувањето на концернот PSA, нагласува и на тоа дека некои од најголемите играчи во индустријата, како Bosch се приклучиле на овој проект, но се откажале, затоа што сметаат дека тоа нема да биде профитабилно.

Таварес призна дека во PSA исто се истражуваат можностите да се вклучат во проектот за европски батерии, но исто така се откажале поради големите трошоци и некои европски ограничувања.

PSA

„Ако европските автомобилски производители не продаваат доволно електрични возила до 2020, 2025 и 2030 година, тие ќе бидат казнети со парични средства“, прогнозира тој. „Ова нè натера да резервираме големи количини на батерии од нашите азиски добавувачи кои не очекуваат со големи насмевки“.

Таварес додаде дека кога пристигнал во PSA во 2013 година, во компанијата се определуваа за кинескиот пазар како последна надеж за спасување, но сега 80% од продажбата на концернот е во Европа.

„Кина е многу тежок пазар на PSA“, додаде тој. „Тешко е да се разбере овој пазар, какви се очекувањата на клиентите и начинот на размислување на државните компании со кои работиме. Механизмот за донесување одлуки во нашите заеднички вложувања во Кина е неприфатливо бавен“.

Поврзани вести

Back to top button