Таварес: „Воопшто не жалиме што го купивме Opel“!
Договорот за преземање на Opel од францускиот гигант PSA Group беше формализиран пред точно една година
Анализите по една година велат дека ова е еден од најзначајните трансфери во индустријата во текот на изминатите неколку децении.
За преземањето на германскиот производител од General Motors, поставените цели и оствареното за периодот од една година, се огласи и првиот човек на PSA, Карлос Таварес, кој смета дека ова е еден од најзначајните потези откако тој е на челото на француската групација.
– Знаевме дека можеме да ја пренасочиме судбината на оваа компанија и веќе ги сумираме првите вистински резултати. Воопшто не жалиме за купување на Opel.
Откако ја презеде и германската компанија, Таварес успеа да ограничи трошоците на производителот, а со време тие ќе бидат намалени дополнително, по споделувањето на технологии со Peugeot и Citroen. Французите веќе најавија дека ќе користат сопствени технологии и платформи за идните модели на Opel, а Таварес додаде дека планираните програми за развој на брендот ќе бидат финансирани, дури кога новиот сопственик се убеди дека тие ќе доведат до профит.
PSA веќе објави дека планира да ги намали 400 работни места во британската фабрика на Opel, a во интерес на глобалниот развој можни се рестрикции и во другу погони на германската компанија.