fbpx

PSA Group со раст од 38,1% за првата половина од 2018

SUV офанзивата на PSA Group со петте марки - Peugeot, Citroën, DS Automobiles, Opel и Vauxhall – придонесе за продадени 609.300 парчиња, што претставува пораст од 38,1% во однос на оствареното за истиот период минатата година.

Продажбата од SUV моделите е секако најдобра и претставуваат скоро 28% од вкупната реализација на Групацијата. Успехот на овие модели ја рангираше PSA Group на второ место во овој сегмент во Европа, со пазарен удел од 16,9% и на прво место во сегментот на B-SUV возилата. Peugeot е водечки бренд во SUV сегментот со продадени над 339.200 единици во целиот свет (раст од 26%) во првата половина на 2018 година. Од почетокот на годината Peugeot 3008 е со раст од 37% и продадени 144.000 примероци. Брендот, исто така, ужива зголемен интерес за новиот 5008, кој има регистрирано продажба од 58.900 возила.PSA Group

PSA Group постигна нов рекорд за продажба на комерцијални возила со продадени 289.500 единици, раст од 32,8%. По обновувањето на компактните комерцијални возила во 2016, Групата презема нов чекор кон обновувањето на палетата во втората половина на годинава, со лансирањето на пазарот на новата генерација од сегмент B (Partner, Berlingo Van и Combo ). Во Европа, Групацијата е на врвот на пазарот со една четвртина од продажба. Од крајот на мај е лидер во подсегментите на B-LCV автомобилите (со пазарен удел од 35,2%) и на средноразмерните комбиња (со пазарен удел од 26,2%).PSA Group

Офанзивата на групата со лесни комерцијални возила продолжи и надвор од Европа. Во Евроазија продажба се зголеми за 9% вклучувајќи го и домашното производство на новиот Expert, претставен во првата половина на 2018 година. Во Латинска Америка забележан е раст од 27,8%.

Инаку, во Европа, вкупната продажба изнесува вкупно 1.673.700 единици, што претставува зголемување од 61,5%. Уделот на пазарот на Групацијата се зголеми за 6 процентни поени, на 17,2%.

Поврзани вести

Back to top button