fbpx

PSA и FCA официјално се споија, Stellantis стапува на сцена

Од 16 јануари, долгоочекуваниот нов ентитет Stellantis, кој настанува со спојувањето на PSA и FCA, официјално започна со работа

Сега конечно е и официјално, компанијата Stellantis стапува на сцена со конечното спојување на PSA и FCA, а заедничките акции на новото тело ќе бидат пласирани на берзите во Париз и Милано од денес (18 јануари), односно од утре (19 јануари) на берзата во Њујорк.

Во вторник исто така Карлос Таварез ќе ја одржи првата прес-конференција на групацијата како извршен директор на Stellantis, при што ќе ги сподели плановите и визијата за новоформираниот производител. Пред Stellantis ќе се најдат многу предизвици, а најголемите се однесуваат на електрификацијата, пандемијата на Ковид-19 и привлекувањето на нови купувачи.

Сепак, ова спојување нема да помине без реперкусии. Stellantis ќе го започне својот живот со седум брендови на FCA и уште четири од PSA, а на почетокот може да има и „дуплирање“ односно директна конкуренција. Речиси секое спојување има вакви проблеми, што може да предизвика пренесување и згаснување на некои производи иили дури и брендови, а тоа може да биде случајот и тука.

Кратење на модели и брендови

Интересно, брендовите кои најверојатно ќе бидат повлечени се Chrysler и Dodge. Двата бренда се соочуваат со слаба продажба и заостануваат со своите постави. Chrysler ги има само Pacifica и Voyager миниван моделите и стариот 300 седан, додека Dodge остана само со Durango, Charger и Challenger и трите се поставени на стари платформи.

Тука се и италијанските брендови Fiat, Alfa Romeo и Maserati, кои исто така имаа слаби продажни резултати во Северна Америка.

Вистинските лидери на FCA, барем кога станува збор за Северна Америка, се Jeep и Ram. Благодарение на ова спојување, Jeep ќе продолжи да расте со поголемо меѓународно присуство, додека Ram ќе се насочи кон северноамериканскиот пазар.

PSA групацијата со себе ги носи Peugeot, Citroen, DS Automobiles и Opel. Пред креирањето на Stellantis, постоеја најави за можно проширување на еден PSA бренд во Северна Америка до средината на деценијата, а тој бренд на крајот се испостави дека е Peugeot. Доколку Stellantis навистина се откаже од Dodge и Chrysler, тогаш ништо чудно францускиот бренд навистина да се врати на американскиот пазар, иако според најновите шпекулации, Peugeot се двоуми за таков потег.

Поврзани вести

Back to top button