fbpx

Q Global Tech Award 2020 за Porsche Taycan

Во IBM студиото во Милано се одржа годинешното, 16-то издание на Quattroruote Day на кое се доделија престижните годишни награди

Организирано во соработка со Bosch, Eni и Lojack, целта на годинешното издание на Quattroruote Day 2020 беше да се идентификуваат и истражат новите парадигми со кои се соочува целиот автомобилски сектор во поглед на актуелната револуција во транспортните продажби и сервисните модели.

Како потврда на оваа тематиката и над се, важноста на оваа тема, беа објавени и резултатите од истражувањето направено ексклузивно за Quattroruote од страна на Bain & Company. Целта на ова истражување е да се објасни како и зошто дистрибуцијата на автомобили се менува и што клиентите навистина очекуваат и преферираат кога одлучуваат да купат автомобил или да користат транспортен сервис.

Q Global Tech Award

Настанот заврши со церемонија за награди доделени од страна на Quattroruote.

Premio Gianni Mazzocchi 2020

Сега во својата десетта година, оваа награда се доделува од страна на Quattroruote секоја година на лицето кое преку својата посветеност допринело за исклучителни иновации во автомобилскиот сектор.

Така, Premio Gianni Mazzocchi 2020 беше доделена на Алберто Бомбасеи како препознавање на „неговата индустриска генијалност, неговата голема пасија и неговото иновативно лидерство во напредокот на автомобилите и мото спортот“.

Наградата, дизајнирана специјално за настанот од страна на британскиот архитект Дејвид Чиперфилд, беше предадена од страна на Марија Џована Мазоки, претседател на Editoriale Domus.

Novita dell’anno (Новитет на годината) 2020

Mazda CX-30 се закити со престижната награда за Новитет на годината 2020, освојувајќи 14,4 проценти од гласовите на читателите на Quattroruote во анкета на веб страницата quattroruote.it. На второто место според читателите заврши Peugeot 208, додека третото место на подиумот му припадна на Tesla Model 3 кој освои 9,3 проценти од гласовите.

Q Global Tech Award 2020

Трета година Quattroruote ја вклучи целата своја интернационална мрежа, која вклучува две лиценци (Хрватска и Грција) како и договор за ко-брендирање (Бразил, Индија, Тајланд, Албанија, Бугарија, Романија, Унгарија, Хрватска, Македонија, Србија, Словенија) со цел за доделување на Q Global Tech Award, наградата за најважната технолошка иновација на годината.

Добитник на престижната награда за 2020 година е Porsche, за својот 800-волтен систем направен за Taycan.

Q Global Tech Award

Porsche Taycan е првиот електричен автомобил кој е опремен со 800-волтна архитектура. Ова овозможува да се добие екстремно високи и пред се константни перформанси. Исто така овозможува да се добие автономија од 100 километри со само пет минути полнење преку полнач со моќност од 270 kW. Ова е огромен придонес за напредувањето на возачките квалитети на електричните возила.

Наградата Q Global Tech 2020 ја доделија ЏанЛука Пелегрини, главниот уредник на Quattroruote, заедно со Мато Павличевиќ од Quattroruote Хрватска и Борут Факин, партнерот на Quattroruote во Словенија.

Fleet&Business Award

Оваа награда, креирана по иницијатива на новиот Editoriale Domus систем за комуникации со истото име беше инаугурирана во 2019 година, претставува признание за улогата на флотните менаџери, круцијалните фигури во денешниот бизнис свет поради нивната задача да се соочуваат со комплексните транзициски проблеми со трансфер секторот во денешно време.

Наградата, промовирана од Lojack, е доделена од научен панел составен од 16 члена, а како клучни теми кои треба да се покријат во проектите поднесени од страна на кандидатите беа одржливоста на околината и безбедноста на вработените.

Победникот на првата Fleet&Business наградата е Vito Roberto Palmiotti, објектниот и безбедносниот менаџер во 3M Italia. Проектот кој тој го претстави се однесува на целиот аспект на виртуозниот менаџмент со автомобилските флоти, започнувајќи со решенија за намалување на CO2 емисии низ целата флота и серија од иницијативи насочени кон безбедност на возачот.

На второто место заврши Микеле Антолини од A2A-LGH. Тицијано Фасолини од Nestlѐ исто така се приклучи на подиумот како третопласиран.

Поврзани вести

Back to top button