Quattroruote со единствена методологија за тестирање
Со гордост можеме да објавиме дека од мартовското издание, нашиот партнер Quattroruote ќе почне да ги објавува резултатите од единствената ADAS методологија за тестирање
Затоа, од сега па натаму, податоците од тестот ADAS ќе станат стандарден дел од тест-пакетот на Quattroruote. Моделот за тестирање треба да биде комплементарен со методологијата на NCAP. Тестирањето се базира врз основа на 12 различни разработени и стандардизирани тестови во текот на една година. Проектот е резултат на сложена, техничка соработка помеѓу Quattroruote, инженерите од центар Vairano, експериментниот и иновативен центар Jeniot и дел од осигурителната компанија Generali.
Безбедноста на луѓето е неизмерна вредност, а технологијата е значајна за зачувување на човечките животи. Како што се случи во минатото, Quattroruote се обврзува да ја подигне свеста на потрошувачите за вредноста и важноста на активните сигурносни уреди. Со таа цел започнат е проект во соработка со производителите од авто-индустријата со кој ќе се овозможи подобрување во развојот и ефикасноста на технологијата.