Раиконен со прва победа во последните 5 години
Кими Раиконен ја освои ГН на САД во осумнаесетата трка од светскиот шампионат во Формула 1 во Остин и стави крај на сушата, која трае 113 трки
Ова е прва победа за најпопуларниот фински пилот на Формула 1 годинава, а со него на подиумот се искачија Макс Верстап и Луис Хамилтон. Во трката во САД, Хамилтон требаше да освои осум поени повеќе од Себастијан Фетел, за да ја обезбеди петтата светска титула и во почетокот тоа изгледаше повеќе од веројатно, но откако Германецот се удри во првиот круг со Дениел Рикардо, тоа беше се потешко.
На стартот Раиконен тргна одлично со ултрамеките гуми и во првата обиколка ја поведе колоната, а веднаш почна и да прави предност пред Хамилтон.
Британецот направи едно запирање во боксот повеќе зад виртуелниот автомобил на безбедноста, но и тоа не му помогна против подобрата работа со гумите на Раиконен, кој го заврши натпреварот со еден бокс и меки пневматици.
Верстапен започна од 18 позиција, но успеа да се пробие во челото, а Фетел се избори со Валтер Ботас во последните кругови за 4-тото место во финалето. Трката за новиот шампион во Формула 1 е одложена на Големата награда на Мексико, доколку Хамилтон освои пет поени повеќе од Фетел. Ова значи дека Луис мора да биде пред Германецот ако се на подиумот.