Range Rover го покажа новиот Evoque (Видео)
Вчера вечер во Лондон се одржа светската премиера на новата генерација на хит моделот на Range Rover - Evoque, кој дебитираше не само со целосно нов дизајн, но и со бројни новини во однос на архитектурата, удобноста, безбедноста, стабилноста и технологијата, вклучувајќи и plug-in хибридна верзија.
Новиот Evoque дебитира исто така со високоефикасни Ingenium бензински и дизел мотори, хибридна MHEV верзија (48 волти), како и plug-in хибрид верзија.
Задржувајќи ги познатите и признати од страна на клиентите компактни димензии, но со поголема слобода за задните патници и простор за багаж (од 591 до до 1383 литри), Evoque ќе биде лансиран на пазарот со интелигентен систем Terrain Response 2, кој е во состојба да понуди оптимална тракција без оглед дали автомобилот се користи во урбани или off-road средини. Во исто време возилото останува поврзано со околниот свет благодарение на 4G интернет модулот, Apple CarPlay и системот InControl Remote.
Деби за целото портфолио на новиот Evoque прави системот Smart Settings, кој е во состојба да се самообучува врз основа на потрошувачките параметри и да го подготви ентериерот на нивна база. Премиера кај моделот прави и системот ClearSight кој со помош на камера пренесува слика на случувањата околу автомобилот.
Во опремата на новиот Evoque се вклучени исто така, стандардна камера за задно гледање, адаптивен круз контрол со асистент на управувањето, систем за задржување на возилото на патот, систем за автономно активирање на сопирачките и многу други.
Погледнете го видеото од официјалното откривање на моделот