Range Rover со нов мотор и паметен адаптивен круз-контрол
Освеживајќи го и проширувајќи го модификационото портфолио на Range Rover, Land Rover објави дека најпрестижниот SUV добива нов 3.0 литарски twin-turbo SDV6 дизел мотор кој ветува максимална моќност од 275 коњски сили и вртежен момент од 625 Nm
Палетата на Range Rover е збогатена и со plug-in хибридниот модел P400e со можност за автономија од 51 километри во чист електричен режим. Се воведува и подобрена верзија на осумстепениот автоматски менувач кај дизел 4.4 SDV8 модификацијата, која пристигнува на пазарот со подобрена економичност на горивото и помали емисии на CO2.
-Range Rover е оригинален луксузен SUV, најспособен и најсофистициран автомобил од својот вид, коментира Ник Колинс, директор на гамата на JAGUAR LAND ROVER. -Најновите промени најавуваат дека клиентите ќе продолжат да уживаат во неспоредливата удобност, на која едноставно се навикнати, со повеќе можности, удобности и безбедност од кога и да било.
Во однос на подобрувањата во удобноста и безбедноста, Range Rover доаѓа со адаптивен круз контрол, со функција Stop and Go, која му дава можност на луксузниот автомобил да ги следи движењата напред пред возилото на одредена далечина. Функцијата е автоматизирана дури и кога другиот автомобил запира, сопира и вашиот, а се активира повторно во рок од три секунди. Адаптивниот круз контрол, исто така, доаѓа со асистент состав на управувањето, кој е во состојба да го задржи возилото во лентата, а за таа цел следат автоматски благи корекции со воланот.