Range Rover Sport HST со нов шестцилиндричен Ingenium мотор
Land Rover ги откри првите детали за новата модификација на Range Rover Sport, кој е опремен со хибриден погон и целосно нов шестцилиндричен бензински мотор наречен Ingenium.
Новата специјална серија Range Rover Sport HST има нов шестцилиндричен Ingenium мотор кој е во состојба да генерира максимална моќност од 400 коњски сили, а MHE (Mild hybrid electric) модулот помага за постигнување на дополнителна ефикасност и динамика на патот.
Од компанијата коментираат дека новиот Ingenium погонски агрегат, кој првично ќе се нуди само во специјалната HST верзија, ветува подобри перформанси од претходниот V6, бидејќи генерира максимален вртежен момент од 550 Nm и е во состојба да го забрза возилото од 0 до 100 km/h за само 6.2 секунди и до максимална брзина од 225 km/h.
Range Rover Sport HST е достапен за нарачка по цена од 81.250 фунти, а корисниците имаат можност да ги додадат и специјалните и уникатни внатрешни и надворешни карбонски апликации, каде изборот е помеѓу два дизајни на фелни и пет екстериерни бои- Santorini Black, Fuji White, Indus Silver, Firenze Red и Carpathian Grey.